Германија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 79.126.212.68) и вратена ревизијата 3139923 на Bjankuloski06
сНема опис на уредувањето
Ред 129:
Во периодот од [[1212]] година до [[1250]] година, [[Фридрих II]] создал модерна, професионално административна држава во [[Сицилија]]. Преку тоа тој ги подновил своите планови за завлдување на [[Италија]], кое довело до создавање на нов конфликт со папството. Борбата со папата целосно ја исцрпила државата. По неговата смрт паднала и неговата [[династија Хоенштауфен]]. Следувал период на безвластие односно период во кој немало император. Врз основа на Златната була од Римини, големиот водач на Тевтонските витези [[Херман фон Салца]] и војводата [[Конрад I од Масовије]] заедно ги нападнале Старите [[Пруси]] во [[1226]], за да ги покрстат во крстоносниот поход на Прусите. Тогаш витезите биле обвинети за малверзации во полската управа и образување на независната Монашка држава на Тевтонски витези. Редот ја губи својата цел кога соседна Литванија го прифаќа христијанството. Сместен во [[Прусија]], Редот почнува походи кон своите христијански соседи, царството [[Полска]], [[Големо војводство Литванија|Големото војводство Литванија]] и [[Република Новгород]], откако целосно го асимилира Ливонијскиот ред. Благодарение на своите достигнувања, Редот постигнува голема градска економија, вработува голем број на европски трговци и станува морска сила на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]].
 
Во периодот од [[1346]] до [[1378]] година, [[Карл IV од Луксембург]], крал на [[БохемијаЧешка (историска област)|Чешка]] (Бохемија), преземал големи мерки за да ја издигне повторно императорската власт. Во средината на [[16 век]], Црната смрт ја опустошила [[Европа]], заедно со територијата на [[Германија]].<ref>{{наведена книга |url =http://www.vlib.us/medieval/lectures/black_death.html |title = Големата глад (1315–1317) и Црната смрт (1346–1351) |first= Лин Хари|last= Нелсон |publisher = Универзитет Канзас |accessdate =19 март 2011}}</ref> Следувало прогонувањето на [[Евреи]]те на економска и религиозна основа. Многу од нив успеале да побегнат во [[Полска]]. Во времето на Златниот век, во [[1356]] година било земено решение дека императорот ќе се избира од страна на кралот на [[БохемијаЧешка (историска област)|Чешка]], на [[Рејн]], грофот на [[Саксонија]] и маркгрофот на [[Бранденбург]], како и од страна на три духовни свештеници односно бискупите на [[Мајнц]], [[Трир]] и [[Келн]].<ref>Fulbrook 1991, p. 27.</ref>
 
Од [[1640]] година, [[Бранденбург]] започнал да ја зголемува својата моќ под раководство на [[Фридрих Вилхелм]]. Вестфалскиот мировен договор кој бил потпишан во [[1648]] година дал уште поголема можност за завладување со Источна [[Померанија]].<ref>{{наведено списание|last=Philpott|first=Daniel|title=The Religious Roots of Modern International Relations|journal=World Politics|date=January 2000|volume=52|issue=2|pages=206–245}}</ref> Била образувана апсолутна форма на управување. Во [[1701]] година, [[Фридрих Ванденбургски]] бил прогласен за [[крал на Прусија]]. Од [[1713]] година до [[1740]] година, кралот Фридрих Вилхелм I Прусија ја образувал како високо централизирана територијална држава. Во тоа време [[Луј XIV]], крал на [[Франција]], успеал да завладее со делови од [[Елзас]] и [[Лотарингија]]. Во [[1683]] година турците османлии за прв пат доживеале пораз пред портите на Виена од страна на полската армија водена од страна на [[Јан III]] заедно со австриските војски под раководство на [[Карло IV]]. Унгарија била покорена, а [[Австрија]] станала голема светска сила.