Париска комуна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
 
'''Париската комуна''' е назив за [[социјализам|социјалистичката]] власт воспоставена во [[Париз]] од [[18 март]] до [[28 мај]] [[1871]] година.
 
== Прогласување на Комуната ==
 
По поразот на [[Франција]] во [[Француско-пруска војна|Француско-пруската војна]] од 1870-1871, француската влада на 18 март пристапи кон разоружување на париската Национална гарда, која беше значително проширена во функција на одбраната на Париз од [[Пруси]]те, вклучувајќи ги и сиромашните слоеви. Граѓаните одбија да го предадат оружјето и топовите и ги протеруваат претставниците на владата. Владата пребегна во [[Версај]], а во Париз е прогласена Париската комуна. Централниот комитет на Националната гарда веднаш закажа избори за Комуната, кои се одржуваат на [[26 март]].
 
Помеѓу 92 избрани претставници на Комуната (или, поточно, на Советот на комуната) имаше републиканци, јакобинци и социјалисти од различни бои. За претседател на Советот во отсуство беше избран [[Огист Бланки]], кој беше уапсен на [[17 март]] од страна на Версајската влада.
 
== Значење на Комуната ==