Сојуз на комунистите на Југославија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
* [[Праксис школа]]та. Во [[1964]] група загрепски философи формира философско списание насловено „Праксис“, кое набрзо се стекнува со голем углед во светски рами како водечко списание за [[марксистички хуманизам]]. Неговите припадници се залагаа за [[социјализам]] и [[самоуправување]], односно за она за што се залагаше и власта, но нивното толкување на овие поими не им одговараше на власта и во [[1974]] година, на списанието му беше оневозможено да излегува а некои од неговите соработници останаа без работа. Помеѓу попознатите „праксисовци“ се: [[Гајо Петровиќ]], [[Михаило Марковиќ]], [[Предраг Враницки]], [[Милан Кангрга]], [[Данко Грлиќ]] и други.
 
Ebete se
По смртта на Тито во [[1980]], состојбата во Југославија се влошува и комунистите сè повеќе ја губат власта во земјата. Кон крајот на [[1989]] СКЈ поради развојот на настаните во светски рамки и поради внатрешни притисоци делумно го легализира [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] Финалето следува наскоро. Во тмурна и мачна атмосфера, започна 14.(Вонреден) Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија. Најизразен беше судирот меѓу српската и словенечката делегација. На третиот ден од од одржувањето (22.1.1990), словенечките делегати го напуштија конгресот, а малку подоцна истото на направија и делегациите од Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Конгресот веќе некогаш не беше завршен, а единствената партија практично беше дезинтегрирана. Наредните месеци започнаа да се одржуваат првите повеќепартиски избори низ републиките. На тие избори, реформираните комунистички партии ја губат власта во Хрватска, БиХ и Македонија, а победуваат во Србија, Црна Гора и Словенија. Веќе се чувствува голема опасност од распад на земјата. Во [[1991]] тоа и се случува. Републичките филијали на СКЈ, ја менуваат идеолошката ориентација и, под различно име, продолжуваат да постојат, некои и задржувајќи ја власта во новосоздадените држави. Таков е случајот и со [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]], која во 1991 се трансформира во [[Социјалдемократски сојуз на Македонија]] и како таков повеќе години беше на власт во [[Република Македонија]].