Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Расизмот вообичаено се дефинира како гледишта, постапки и дела кои го одразуваат верувањето дека човештвото е поделено на различни биолошки групи наречени раси и членовите на одредена раса делат одредени особини коишто ја прават групата во целина помалку пожелна, повеќе пожелна, инфериорна или супериорна.
Точната дефиниција за расизам е спорна поради мала научна согласност за значењето на поимот „раса“, како и поради мала согласност за што ја сочинува а што не дискриминацијата. Критичарите тврдат дека терминот има различна примена, со сосредоточување на такви предрасуди од страна на белата раса и дефинирајќи едноставни забелешки на расни разлики како расизам. Според некои дефиниции, било која претпоставка дека однесувањето на една личност би било под влијание на неговата расна категоризација е расистичко, без обѕир дали тоа што го сторил е штетно или пејоративно. Други дефиниции вклучуваат и свесно злонамерни форми на дискриминација. Меѓу прашањата за тоа како да се дефинира расизмот се прашањата дали да се вклучат форми на дискриминација кои се ненамерни, како на пример претпоставување што некој претпочита или кои се неговите способности засновано врз расни стереотипи, дали да се вклучат симболични или регулирани форми на дискриминација како што е циркулирањето на етнички стереотипи низ медиумите, и дали да се вклучи социо-политичката динамика на социјална стратификација што во некои наврати е придружено од расна компонента. Некои дефиниции за расизам вклучуваат и дискриминаторски однесувања и ставови засновани врз културни, национални, етнички, општествено слојни или религиозни стереотипи.
Термините расизам и расна дискриминација честопати се користат за да опишат дискриминација на етничка или културна основа, независно од тоа дали овие разлики се опишани како расни. Според Конвенцијата Повелбата на Обединетите Нации, не постои разлика помеѓу термините расна дискриминација и етничка дискриминација, а супериорноста заснована на расно разликување е научно и морално погрешна, социјално неправедна и опасна, и не постои оправдување ни во теорија ни во пракса, никаде.
Во минатото, расизмот играл голема улога во политичкото и идеолошкото поддржување на геноцидите како што е Холокаустот, но и во колонијален контекст како што е „каучуковата треска“ во Јужна Америка и Конго, и во европското освојувањето на Америка и колонизацијата на Африка, Азија и Австралија. Расизмот исто така претставувал водечка сила на трансатлантската трговија со робови како и на земји кои се темелеле на расна сегрегација како што се Соединетите Американски Држави во 19-от и раниот 20-ти век и Јужна Африка под апартхејд (анг. apartheid) . Обединетите Нации во целост ги осудуваат расистички политики и идеологии во Декларацијата за човекови права.
 
Ред 90:
Во меѓувреме, Отоманската империја, „Европскиот болен човек“ , се соочувала со бескрајни националистички движења, кои, заедно со распуштањето на Австро-Унгарската империја, ќе доведат до создавањето по Првата светска војна на неколку национални држави на Балканот, со „национални малцинства“ во нивните граници. Етничкиот национализам, кој го застапувал верувањето во наследно членство на нацијата, се појавил во историскиот контекст опфаќајќи го создавањето на современите национални држави.
Едно од своите главни влијанија било Рамантичарското националистичко движење на преминот кон 19-от век, претставувано од личности како Јохан Готфрид фон Хердер (1744-1803 година), Јохан Готлиб Фихте (1762-1814 година) во делото „Дискурс до германската нација“ (1808 година), Фридрих Хегел (1770-1831 година), или исто така, во Франција, Јулиј Мишел (1798-1874 година). Етничкиот национализам бил во спротивност со либералниот национализам, кој бил претставувам од автори како Ернест Ренан (1823-1892 година), кој ја гледал нацијата како заедница, која, наместо да се заснова на етничката група „Волк“ и на одреден, заеднички јазик, се создала на субјективната волја да се живее заедно („нацијата е секојдневен плебисцит“ , 1882 година) или Џон Стјуарт Мил (1806-1873 година).
Етничкиот национализам се споил со научно расистичките дискурси, како и со „континентално империјалистичките“ (Хана Арент, 1951 година) дискурси, на пример во пан-германистичките дискурси, коишто ја постулираат расната супериорност на германската етничка група „Волк“. Пан-германската лига (Alldeutscher Verband), создадена во 1891 година, се залагала за Германскиот империјализам, „расната хигиена“ и се спротивставувала на мешан брак со Евреи. Друго популарно движење, „Народното движење (Германија)“, претставувало важен поборник за германскиот етничко националистички дискурс, кој се поврзал со современиот антисемитизам. Членови на „Народното„[[Народно движење (Германија)|Народното движење]]“, особено „Општеството[[Туле (друштво)|друштвото Туле“„Туле“]], учествувале во создавањето на Германската работничка партија (DAPДАП) во Минхен во 1918 година, претходникот на Нацистичката[[НСДАП|Националсоцијалистичката партија]] (NSDAPНСДАП). Пан-германизамот одиграл одлучувачка улога во меѓувоениот период на 1920-тите до 1930-тите години.
Овие движења започнале да ја поврзуваат националната идеја со биолошкиот концепт на „доминантна раса“ (наречена уште „Ариевска раса“ или „Нордиска раса“) кој произлегол од научно расистичкиот дискурс. Тие комбинирале националности со етнички групи наречени „раси“, со радикална разлика од претходните расистички дискурси со што се утврдило постоењето на „расна борба“ внатре во нацијата и самата држава. Освен тоа, тие верувале дека политичките граници треба да ги отсликаат овие наводни расистички и етнички групи, на тој начин оправдувајќи го етничкото чистење со цел да добие „расна чистото“ како и етничка хомогеност во националната држава.
Овој вид на расистички дискурси, комбинирани со национализам, не биле, сепак, ограничени на пан-германизмот. Во Франција, преминот од републикански, либерален национализам во етнички национализам, што го направил национализамот карактеристика на екстремно десничарските движења во Франција, се случил за време на „Аферата Дрејфус“ на крајот на 19-от век. За време на неколку години, национална криза го погодина француското општество, заради наводно предавство на Алфред Дрејфус француско еврејски воен офицер. Самата земја се поделила на два спротивни кампови, едниот претставуван од Емил Зола, кој го напишал отвореното писмо „Обвинувам“ во одбрана на Алфред Дрејфус, и другиот претставувам од националистичкиот поет, Морис Бар (1862-1923 година), еден од основачите на етничко националистичкиот дискурс во Франција. Истовремено, Чарлс Мора (1868-1952 година), основач на монархистичкото движење „Француска акција“(фран. Action Française), ја осмислил „анти-Франција“, составена од „четири конфедеративни држави на Протестанти, Евреи, масони и странци“(неговиот вистински назив за последното бил пејоративниот збор „Метик“). Всушност, за него првите три биле сите „внатрешни странци“, кои му се заканувале на етничкото единство на францускиот народ.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам