Животни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 111:
 
II. Второто можно потекло на повеќеклеточната градба на животните би можело да биде со поделба на клетките во колонијата. Овој предлог денес е многу пошироко прифатен. Овие праживотни би морало да бидат колонијални видови, со камшичиња. Во почетокот, секоја клетка од колонијата била слична и ги изведувала сите функции, како размножување, движење, хранење и др. Со поделбата на работата, клетките станале специјализирани за различни функции. Барањето на групи праживотни кои имаат колонијални облици од кои би можело да потекнува повеќеклеточната градба на животните, често водело до волвоксот.
 
=== Докази од анатомија ===
Сличностите и разликите во градбата на органите и органските системи кај животните се најлесни за одредување и затоа тие широко
се користат како докази за поврзувањето на животните. При проценувањето на сличностите, најмногу се бараат делови на телото кои се со исто потекло и функција. Меѓутоа, многу од сличностите не се резултат на истиот предок, туку се резултат на подоцнежниот развој на животните, односно приспобувањето кон условите на надворешната средина.
 
Докази од развојот на животните
Со проучување на начините на размножување на животните и развојот на новите млади единки во текот на ембрионалниот стадиум и стадиумот на ларва можат да се добијат важни докази за заедничкиот предок. Во почетокот на развојот ембрионите на цицачите во многу нешта се слични со оние на рибите. Ваквата градба се задржува и кај возрасните риби, но како се одвива развојот на ембрионот на цицачите истиот се повеќе ги добива особините на цицачи. Присуството на овие докази во раниот развој на цицачите укажува на заеднички предок на цицачите и рибите.
 
=== Присуство и отсуство на телесна празнина ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Животни