Ден на востанието на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 92.53.7.90) и вратена ревизијата 2943553 на Addbot
nisto
Ред 1:
{{Infobox Holiday
|holiday_name = Ден на востанието на Македонија
|type = National
|longtype =
|image = Могила на непобедените.jpg
|caption = Могилата на непобедените во Прилеп
|official_name =
|nickname = 11 октомври, Ден на народното востание
|observedby = {{МКД}}
|significance = Започнало востанието против фашистичкиот окупатор
|begins =
|ends =
|date = [[11 октомври]]
|date2007 =
|celebrations = Сенароден собир, концерти, спортски настани, доделување награди
|observances = Положување на венци
|relatedto = [[Илинден]]
}}
'''Ден на востанието на Македонија''' или '''Ден на народното востание на македонскиот народ''' познат и само како '''11 Октомври''' е [[државен празник]]<ref>[http://sinbad.mp.com.mk/cit/drzavnipraznici.htm Закон за празниците на Република Македонија]</ref> кој се празнува на [[11 октомври]] во [[Република Македонија|Македонија]]. Востанието е против [[Фашизам|фашизмот]] и со тоа започнува борбата за ослободување на [[македонци|македонскиот народ]]. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала [[квинслинг|квислиншка]] територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во [[Втората светска војна]].
 
== Историја на настанот ==
{{main|Почеток на народно-ослободителна борба во Македонија|Народноослободителна борба во Вардарска Македонија}}
По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
 
И пред [[11 октомври]] [[1941]] година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на [[8 септември]] [[Лазо Колевски]] убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во [[Скопје]] [[Боро Петрушевски]] убива бугарски војник, на [[7 октомври]] во Скопје е извршен обид за убиство на агентот [[Мане Мачков]], во кој загинува [[Благоја Деспотовски - Шовељ]], а на [[8 октомври]] [[Трајко Бошкоски - Тарцан]], пробивајќи се низ непријателскиот обрач во [[Прилеп]], убива еден непријателски полицаец.
 
Сепак, за почеток на [[востание]]то против фашизмот во Македонија се смета нападот кој [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] го извршува во [[Прилеп]] на [[11 октомври]] [[1941]] година. Во нападот учествуваат 16 партизани,<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref> распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората - затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
* Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
* Во втората група биле: Никола Попоски (командир), [[Мице Козар]], Пецо Крстески, Јонче Јанески, [[Благоја Корубин]] и Душко Ристески.
* Во третата група биле: Мице Димески (командир), [[Крсте Црвенковски]], [[Коле Чашуле]], Киро Ќососки и Киро Базеркоски.<ref>Ице Ацески – Рапеш „Нескршливите“, Прилеп, 1991, 46 стр.</ref><ref>Љубен Георгиевски - Љупта, „Тарцан: монографија за Трајко Бошкоски-Тарцан–Илинденски“, Скопје, 1994, 200 стр.</ref>
 
Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од [[Смилево]],<ref>[http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/014%20sednica%2013%20prodolzenie%2017-01-2007.pdf Весна Јаневска, Стенографски белешки од Тринаесеттото продолжение на Четиринаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јануари 2007 година.]</ref> мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1539&stID=19942&pR=15 „Првата пушка ја испукаа 16 прилепски храбри момчиња“], Утрински весник</ref>
 
Дејствија има и во Кумановско. На [[12 октомври]] [[1941]] година, во областа Студена вода е формиран [[Козјачки партизански одред|Кумановскиот (Козјачки) партизански одред]], а во областа Менкова колиба [[Карадачки партизански одред|Карадачкиот партизански одред]]. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на [[14 октомври]], а Козјачкиот одред - на [[17 октомври]].<ref>Ванчо Николовски „НОВ без догми 1941-1942“, „Глобус“, Скопје, 1997, 127-128 стр. </ref> [[Скопски партизански одред|Скопскиот партизански одред]], формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени.<ref>Антон Колендиќ „Не бевме комити“, „Млад борец“, 20 јуни 1989, 37 стр.</ref> Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.
 
== Прослава ==
=== Во Македонија ===
[[Податотека:Prilep_uchastok.jpg|thumb|350п|десно|Импровизиран напад на участокот кој секоја година го организира [[АРМ]] заедно со граѓаните]]
 
Поради самиот факт дека се работи за голем настан од [[Македонската историја]], низ државата се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации од [[Собрание на Република Македонија|Македонското Собрание]] положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, [[Методија Андонов-Ченто]], во Паркот на Револуцијата во [[Прилеп]], како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од [[народноослободителната борба]] во [[Куманово]].<ref>[http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0BB5CDE37923774E914539F1EC6CCBA8 Македонија го прослави Денот на народното востание], [[Утрински весник]]</ref> Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и ''Меморијален музеј „11 октомври“'' во кои се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба.<ref>[http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=25473&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 Во Прилеп одбележан „11 Октомври“], [[Канал 5 Телевизија]]</ref> Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон [[Могила на непобедените|Могилата на непобедените]]. Каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.<ref>[http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/362674/index.html idividi.com.mk „Прилеп го одбележа 11 Октомври“]</ref>
 
Посебна важност има и свечено положување цвеќе на ''Партизанските гробишта во Скопје'' од страна на повеќе делегации на [[Влада на Република Македонија|Владата]], на [[Собрание на Република Македонија|Собранието]], на [[Претседател на Република Македонија|Претседателот на Македонија]], на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, делегација на [[Министерство за одбрана на Република Македонија|Министерството за одбрана]] и Генералштабот на [[Армија на Република Македонија|Армијата]] и на [[Град Скопје]].<ref>[http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=3806&Itemid=206 Македонија го празнува Денот на народното востание - Преспа Скај]</ref>
 
Не изостанува и редовната свечена академија и обраќање на повеќе македонски државници и поранешни партизани во ''Домот на АРМ'' во [[Скопје]].<ref>[http://vlada.mk/?q=book/export/html/1260 Премиерот Груевски ќе има обраќање на Свечената академија по повод 11 Октомври]</ref> Исто така се изведуваат и крводарителски акции.<ref>[http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=5&id=2422&s=1 Честит 11 Октомври!], ohridnews.com</ref>
 
=== Во дијаспората ===
Празникот се прославува не само во Република Македонија, туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. Традиционална прослава има секоја година во главниот град на [[Велика Британија]], [[Лондон]].<ref>[http://www.utrinski.com.mk/print.asp?ItemID=F1A659CBA7C2054BA86EDDA48536E25C Влатко Стефановски во клубот „Булевар“ во Лондон]</ref> Македонските друштва од [[Германија]] секоја година организираат прослави со богата културно-уметничка програма, каде настапуваат повеќе естрадни ѕвезди од Македонија.<ref>[http://utrinski.com.mk/?ItemID=8BF418E5E2A59D40A09641343817A0B2 Анета Наковска патува за Германија] -[[Утрински Весник]]</ref>
 
== Награда 11 октомври ==
{{Main|Награда „11 Октомври“}}
 
По повод на овој празник во Република Македонија традиционално се доделуваат наградите „11. Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности. Традиционално наградите се доделуваат во [[Палата на Собранието на Република Македонија|зградата на Македонското Собрание]].<ref>[http://www.radiolav.com.mk/arhiva.php?xnewsaction=fullnews&newsarch=102007&newsid=31 Македонците денес го празнуваат Денот на народното востание]</ref> Според [http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=1&zID=677. Законот за државните награди на Република Македонија] со државната награда „11 Октомври” со оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
 
== Во чест на празникот ==
[[File:Coat of arms of Prilep Municipality.svg|десно|180п|thumb|Грбот на [[Општина Прилеп]] го има симболот на востанието, „Могилата на непобедените“]]
Поради големото значење на тој настан во македонската историја, многу училишта во Македонија го носат името „11 Октомври“ ([[ОУ „11 Октомври“ - Куманово]], [[ОУ „11 Октомври“ - Ново Село]], [[ОУ „11 Октомври“ - Урвич]], [[ОУ „11 Октомври“ - Центар]]), како и многу улици и јавни претпријатија. Најголемо претпријатие беше фабриката за автобуси „[[Санос|ФАС 11 Октомври]]“ од [[Скопје]].
 
== Празнични цитати ==
 
<table align="center">{{cquote|''... 11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе...'' <ref>[[Бранко Црвенковски]], поранешен [[Претседател на Република Македонија]]</ref>}}</table>
 
<table align="center">{{cquote|''... Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот на макеоднскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република...'' <ref>Гавро Пановски, Претседател на Главниот одбор на [[Сојуз на борци на Македонија|Сојузот на борци на Македонија]]</ref>}}</table>
 
== Споменици кои го величат настанот ==
<gallery>
Image:Stiv Naumov Bitola spomenik.JPG|Споменик на Стефан (Стив) Наумов во [[Битола]].
Image:Markov manastir plocha.JPG|Партизанска споменица во Марков Манастир, во близина на [[Скопје]].
Image:Bitola saat kula plocha.JPG|Споменица на саат-кулата во [[Битола]].
Image:Zena borec Tetovo.JPG|Споменик на жената борец во [[Тетово]].<br />
Image:Padnati borci Skopje.JPG|Споменик на паднатите за слобода во [[Скопје]].
Image:Liberators Skopje NOB.JPG|Споменик „Ослободители на Скопје“ во центарот на Скопје.
Image:Kumanovo spomen kosturnica.jpg|Фрагмент од „Споменик на Народната Револуција“ во [[Куманово]].
Image:Cede Filipovski Dame.JPG|Статуа на Чеде Филиповски Даме во [[Гостивар]].
 
</gallery>
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
{{Македонија во Втората светска војна}}
{{Државни празници во Македонија}}
{{избрана}}
 
[[Категорија:Македонски празници]]
[[Категорија:Државни празници]]