Полиперхон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Полиперхон''' ([[394 п.н.е.|394]]–[[303 п.н.е.]]) бил македонски генерал кој служел војската на [[Филип II]] и [[Александар Македонски]], придружувајќи го Александар во неговите воени походи. По враќањето во [[Вавилон]], Полиперхон бил вратен во Македонија заедно со [[Кратер Македонски|Кратер]], но стигнал само до [[Киликија]] кога се чуло за смртта на Александар во [[323 п.н.е.]]. Полиперхон и Кратер продолжиле за Грција, помагајќи му на [[Антипатар]] да го задуши востанието во [[Ламиската војна]]. Полиперхон останал во Македонија, а по [[Дијадоси|дијадошката војна]] останал дома како [[регент]] на Македонија, додека Антипатар отпатувал за [[Мала Азија]] за да го зацрвсти неговото регентство врз целата империја.
 
После смртта на Антипатар во [[319 п.н.е.]], Полиперхон бил назначен за регент и врховен командант на целата Македонска империја, но набргу влегол во конфликти со Антипатаровиот син [[Касандар]], кој требало да биде неговиот главен заменик. Двајцата започнале граѓанска војна, која набргу се проширила на сите генерали на Александар, со тоа што Полиперхон се сојузил со [[ЕуменЕвмен]] против [[Касандар]], [[Антигон I Едноокиот]] и [[Птоломеј I]].
 
Иако Полиперхон на почетокот бил успешен во заземањето на грчките градови, кои ги прогласил за слободни, [[Антигон I Едноокиот]] ја уништил неговата флота во [[318 п.н.е.]], а Касандар следната година ја зазел [[Атина]]. Накратко потоа, Касандар го протерува Полиперхон од Македонија, па го зел во свои раце немоќниот крал [[Филип III|Филип Аридеј]] и неговата жена [[Евридика III|Евридика]]. Полиперхон пребегнал во [[Епир]], каде ѝ се придружил на мајката на Александар Македонски, [[Олимпија]], неговата вдовица [[Роксана]] и малиот син [[Александар IV]]. Направил сојуз со Олимпија и кралот [[Еакид|Еакид Епирски]], и Олимпија тргнала во поход на Македонија. Отпрвин Олимпија била успешна во својот поход, со тоа што ја победила и заробила војската на кралот Филип, кого го погубила, но набргу Касандар се вратил на Пелопонез, па ја фатил и ја погубил во [[316 п.н.е.]], земајќи ги Роксана и детето под негово старателство.