Разлика помеѓу преработките на „Костур“

Одземени 89 бајти ,  пред 6 години
Одбиени последните 5 промени во текстот (од 217.16.90.133) и вратена ревизијата 2928250 на Addbot
(Одбиени последните 5 промени во текстот (од 217.16.90.133) и вратена ревизијата 2928250 на Addbot)
 
Човечкиот скелет се состои од соединети и поединечни коски подржани и дополнети од лигаменти, тетиви, мускули и 'рскавица. Тој служи како скеле кој ги подржува органите, како место за прикачување на мускулите и ги штити органите како мозокот, белите дробови и срцето. Иако забите не се изградени од ткиво кое е вообичаено за повеќето коски, тие се сметаат за коски и се дел од скелетниот систем. Најголемата коска е бутната коска во горниот дел на ногата, а најмалата е чеканчето од средното уво. Кај возрасните, скелетот изнесува 14% од вкупната телесна тежина, додека половина од оваа тежина е од водата. Черепот и карлицата имаат неподвижни коски. Не сите коски се директно меѓусебно поврзани, трите ковчиња од средното уво се врзуваат единствено едно со друго. Подјазичната коска се наоѓа во вратот и служи за прицврстување на јазикот, не е поврзана со која било друга коска во телото и е подржана од мускули и лигаменти.
Човечкиот скелет е составен од 206 коски, овој број е променлив во зависност од поединецот и возраста – новороденчињата имаат околу 270 коски од кои дел подоцна се спојуваат. Овие коски се организирани во надолжна оска, Осков скелет, за кој е поврзан скелетот на екстремитетите. На човечкиот скелет му се потребни 20 години за целосно да се развие. Кај голем број на животни коските имаат срж која создава крвни зрнца. Голем дел од човековиот скелет го задржал античкиот сегментен модел присутен кај сите 'рбетници (цицачи, птици, риби, влекачи и водоземци) со повторување на основните одлики. Овој сегментен модел е особено видлив кај 'рбетниот столб и градниот кош.Ej Ej Ej дека сте бе
 
== Коски и 'рскавица ==
 
Коските се цврсти органи кои се дел од внатрешниот скелет на 'рбетниците. Нивната функција е да се движат, да ги заштитуваат и поддржуваат органите од телото, да произведуваат црвени и бели крвни зрнца и да создаваат резерви на минерали. Коскеното ткиво е тип на густо сврзно ткиво. Коските доаѓаат во различни форми и имаат комплексна внатрешна и надворешна градба, тие се лесни, но сепак силни и црвсти придонесувајќи во исполнувањето на своите функции. Еден од типовите ткиво што ја градат коската е минерализираното коскено ткиво, исто наречено коскено ткиво, кое и ја дава на коската нејзината цврста и „медена” тродимензионална внатрешна структура. Други видови на ткива кои се наоѓаат во коските се срцевината, ендостеум, периостеум, нерви, крвни садови и 'рскавица. Има 206 коски кај возрасниот човек и 270 кај новороденче.
 
и имате рскавица да наствницеке
=== 'Рскавица ===