Костур: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 84 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q7881 (translate me)
Ред 60:
 
Човечкиот скелет се состои од соединети и поединечни коски подржани и дополнети од лигаменти, тетиви, мускули и 'рскавица. Тој служи како скеле кој ги подржува органите, како место за прикачување на мускулите и ги штити органите како мозокот, белите дробови и срцето. Иако забите не се изградени од ткиво кое е вообичаено за повеќето коски, тие се сметаат за коски и се дел од скелетниот систем. Најголемата коска е бутната коска во горниот дел на ногата, а најмалата е чеканчето од средното уво. Кај возрасните, скелетот изнесува 14% од вкупната телесна тежина, додека половина од оваа тежина е од водата. Черепот и карлицата имаат неподвижни коски. Не сите коски се директно меѓусебно поврзани, трите ковчиња од средното уво се врзуваат единствено едно со друго. Подјазичната коска се наоѓа во вратот и служи за прицврстување на јазикот, не е поврзана со која било друга коска во телото и е подржана од мускули и лигаменти.
Човечкиот скелет е составен од 206 коски, овој број е променлив во зависност од поединецот и возраста – новороденчињата имаат околу 270 коски од кои дел подоцна се спојуваат. Овие коски се организирани во надолжна оска, Осков скелет, за кој е поврзан скелетот на екстремитетите. На човечкиот скелет му се потребни 20 години за целосно да се развие. Кај голем број на животни коските имаат срж која создава крвни зрнца. Голем дел од човековиот скелет го задржал античкиот сегментен модел присутен кај сите 'рбетници (цицачи, птици, риби, влекачи и водоземци) со повторување на основните одлики. Овој сегментен модел е особено видлив кај 'рбетниот столб и градниот кош. Дарко Алексов е многу убав.
 
== Коски и 'рскавица ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Костур