Петранка Костадинова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
| опис =
| роден-дата = {{роден на|||1948}}
| роден-место =[[Сомбор]], {{роден во|Србија}}, {{СФРЈ}}
| починал-дата = {{починал на|3|февруари|2002}}
| починал-место = {{починал во|Скопје}}, {{МКД}}
Ред 18:
Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на [[Наско Џорлев]], "Не кажувај либе добра ноќ" и "Во Струмица на улица", пред речиси триесет и пет години. Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисер- песни, но како и секој вреден интерпретатор, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација. Нејзина песна беше "Кирјана", иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со "Ја излези стара мајко", "Едно малој моме", "Трај душо трај"... Во својата триесетгодишна кариера, Петранка учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, што се создаваа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните: "Леонид со мајка вечера" од првото "Валандово", "Мајсторе, мајсторе", "Две калинки", "Слушни ја сестро песната", "Мајка", дуетот со Ѓоко Дончев- "Името не го даваме", хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- "Една куќа, две жени"... Во текот на својата богата пејачка кариера, нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук - аудио касети и ЦД-а.
 
Речиси сиот свој живот Петранка Костадинова била слободен уметник, иако својот живот го заврши како членка на Ансамблот за народни песни и игри [[Танец (ансамбл)|„Танец“Танец]]. Ненаметлива, скромна, приврзана за семејството, иако со својата песна го имаше минато речиси целиот свет, Петранка Костадинова, секогаш се потпирала само на својот неоспорен пејачки талент.
 
На [[3 февруари]] [[2002 ]]година, во приквечерјето, познатата пејачка загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Пред несреќата, таа била во МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал "ГОЦЕ ФЕСТ". Таа е воедно и нејзината последна снимена песна.<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=786&stID=4764&pR=3|title="Пежо 206" ја усмрти пејачката Петранка Костадинова|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=2011-12-19}}</ref>
Ред 29:
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Костадинова, Петранка}}
[[Категорија:Македонски пејачи]]
[[Категорија:Луѓе од Сомбор]]