Животна средина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Една реченица.
Одбиени последните 6 промени во текстот и вратена ревизијата 3096494 на M4r51n
Ред 1:
[[Податотека:Hopetoun falls.jpg|мини|десно|385px|Многу внимание е посветено на заштита на природните карактеристики на [[Хоуптаун Фолс]], [[Австралија]].]]
Под '''животна средина''' се подразбира збирот од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден [[организам]]. Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг [[Вид (биологија)|вид]] врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори - влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.
 
За околината во која има услови за живот на некое растение, животно или човек, велиме дека е '''животна средина.'''
 
За секој фактор на животната средина, еден организам има опсег на толерирање (поднесување) во кој тој е способен да преживее. Овој опсег ја сочинува [[Еколошка валенца|еколошката валенца]] на организмот. Различни единки или видови имаат различни опсези на поднесување за најразновидните фактори на животната средина. Оваа варијација ја претставува [[адаптација]]та на организмот кон неговата средина. Способноста, пак, на еден организам да ја изменува својата подносливост кон одредени фактори на средината како резултат на промена во истите ја претставува пластичноста на тој организам. Промените на подносливоста кон одреден фактор се нарекуваат [[аклимација]]. Изложувањето на фактори при кои организмот се наоѓа на границата на својот опсег на поднесување, претставува [[стрес]].