Идеологија, погледи и организациски способности на Јане Сандански: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: 200px|мини|лево {{Јане}} Јане немал широко образование, поради...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
Особено се интересни податоците кои ги дознваме од натписот на д-р Карло Блинд под наслов ''Бугарските злосторства против Бугарите'', објавено во лондонскиот ''Пал мал газете'' на 5 јулу 1905 година. Карло Блин ги застапувал бугарските погледи за решавање на македонското прашање, тој ги анализирал и ги критикувал македонските определби на Садански. Отука тој пишува: Двата востанички комитети меѓусебно се уништуваат. Цончев го предводи врховистичкиот, а Сандански централистичкиот комитет, односно Внатрешната организација. Сандански се претставува како единствен претставник-Македонец. Тој се поставил за цел од Македонија да создаде незвисна држава, која единствено би можела да влезе во составот на балканска федерација, кога таквата сомнителна творба еднаш би се создала. Цончев, од своја страна се стреми да создаде Бугарска автономна Македонија, која потоа би се соединила со Кнежеството Бугарија <ref name="VanceS">Ванче Стојчев, Лондонски балкански комитет и МРО од 1903 до 1907, ГИНИ, г. 37/1-2, Скопје, 1993, 19.</ref>.
 
Јане Сандански имал многу јасни погледи за употребата на јазикот во иднта македонска држава. Според Блинд, идејата на Јане за независна Македонија била неоправдана бидејќи во Македонија живееле: Грци, Срби, Албанци, Бугари и Романци, а секој од нив си има свој јазик. Отука било залудно Македонскиот комитет да се обидува да создаде јазик единствен за сите. Во натписот било истакнато дека: ''Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на Битолскиот вилает се зел за основа на тој нов experanto. Новиот макеоднски јазик требало да ги истисне српскиот и бугарскиот јазик кој се зборувал во Бугарија и Србија'' <ref name="VanceS" />. Овој натпис укажува дека Јане имал јасен став за политичката, националната, културната и духовната посебност на Македонија <ref name="VancoG" />. Политичките и националните погледи на Сандански за посебноста на Македонија, пред се во однос на Бугарија, биле целосно афирмирани во текот на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]]. Во интервјуто со д-р Владимир Бурилков, дописник на весникот ''Дневник'', Јане истакнал дека луѓето околу весникот [[Илинден (весник)|Илинден]], предводени од [[Петко Пенчев]] се надворешна пропаганда и сега тие се агенти на Бугарија <ref name="VancoG">[http://www.scribd.com/doc/80034917/%D0%92%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%BE-%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5 ''Јане Сандански и посебноста на Македонија и Македонците'', Ванчо Ѓорѓиев]</ref><ref>Д-р Владимир Бурилков, Во Македонија и Одринско 1908-1912, Софија, 37-38.</ref>.
[[Податотека:Hristo Chernopeev sam.jpg|200px|мини|лево|Христо Чернопеев]]
[[Податотека:Chernopeev&Sandanski.JPG|250px|мини|десно|Христо Чернопеев и Сандански]]