Хавиер Бардем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Видам ли следен пат „ЦИВИЛНА ВОЈНА“ - го блокирам уредникот без поговор.
Ред 33:
Во 1992 година, тој го направил својот прв меѓународен хит со црната комедија Jamón, Jamón, во улога на мачо жиголо, во кој исто така настапува [[Пенелопе Круз]]. Со овој филм Бардем повторно остварил соработка со режисерот Бигас Луна, но овој пат тој ја играл главната улога. Филмот се здобил со шест Гоја номинации, како и шпекулации за Бардем и Круз, и станал култен хит низ светот. Успехот на филмот му донел на Хавиер голем публицитет. Поради популарноста што му ја донел овој филм, Бардем бил нападнат во диско во [[Мадрид]], каде се здобил со скршеници на носот, и на 24 годишна возраст бил принуден да се откаже од рагбито, споротот кој го сакал уште од мал.
 
Неговиот лош [[Англиски јазик|англиски]] веќе почнал да го чини филмски улоги, бидејќи бил принуден да ја одбие улога во оригиналната лондонска преработка на претставата ''Hysteria'' од Тери Џонсон, каде требало да го игра [[Салвадор Дали]] на познатиот состанок со [[Зигмунд Фројд]] во 1938 година. Улогата подоцна му била доделена на Тим Потер, а претставата добила “Olivier” награда за најдобра комедија во 1994 година. Во 1993 година, Бардем играл уште две споредни улоги, најпрво во ''Билингвалниот љубовник'' (''El Amante Bilingüe''), а потоа во ''Huidos'' на Санчо Гарсиа, приказна за отпорот на републиканците за време на [[Шпанската цивилнаграѓанска војна]]. По овие улоги следи првата значајна улога на Бардем, во ''Golden Balls'', неговата трета соработка со Бигас Луна. Во улога на брилијантен, суров и екстремно чуден сонувач осуден на пропаст, тој дал извонредна изведба, која му ја донела втората номинација на Гоја наградите.
 
Бардем повторно остварил соработка со Хорди Моља, ѕвездата од ''Jamón, Jamón'' во ''Prognostic Reservat''. Тој, исто така, прифатил кратка но значајна улога во филмот ''Броени денови'' (''Días Contados''). Сепак, најпознатата изведба на Бардем во 1994 година била улогата во филмот ''Детективот и смртта'' во режија на Гонзало Суарез, нецелосно базиран на ''Приказната за една мајка'' (на дански: ''Historien om en moder'')на Ханс Кристијан Андерсен. Тоа бел еден чуден, насилен филм со добри визуелни ефекти и мрачна филмска музика. Филмот бил номиниран за пет Гоја награди, а Бардем освоил Silver Seashell награда на [[филмски фестивал во Сан Себастиан|филмскиот фестивал во Сан Себастиан]]. 1995 година му донела уште повеќе признание. Годината започнала со улога во краткометражната црна комедија за фамилијарни врски, ''Мајката'' (''La Madre''), режирана од неговиот братучед Мигел, во која глумела и мајка му на Бардем, Пилар. Потоа следи ''Усни на усни'', во режија на Мануел Гомез Переира, напишан од Хоакин Ористрел. Во овој филм, Бардем игра амбициозен актер, кој осакатен од срам и несигурност во себе, слаб со пари и во исчекување на улога во американски филм прифаќа работа како хотлајн оператор и токму тука успева да и пристапи храбро на “глумата”. За жал, сé тргнува наопаку кога ја запознава муштериката Аитана Санчез-Гијон, која го вовлекува во измама и љубовен триаголник. Филмот е номиниран за осум Гоја награди, од кои Бардем добива награда за најдобра машка улога.