Лазар Личеноски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 15:01, 1 март 2006

Роден е во 1901 год. во Галичник, умрел во 1964 год. во Скопје. Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929).

Податотека:Долап - Лазар Личеноски.jpg

Живеел во Белград, потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група "Облик".

Самостојно изложувал пред и по војната (првпат во 1927 год.) во Скопје, Белград, Загреб; а учествувал (од 1927 год.) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и др.

Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.