Мајски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12272947
Ред 11:
== Одржување на конгресот ==
 
Во втората половина на мај 1908 година, во [[Банско]], а потоа во [[Пирин]] во месноста ''Ечмиште'' се одржал Мајскиот конгрес <ref name="PavelDel2" />, познат и како ''Ечмишки советувања''. Работата на Конгресот траела десет дена, а на него присуствувале истакнати преставници на [[Радикалнa - реформска струја|реформската струја]] на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Меѓу нив биле: [[Христо Чернопеев]], [[Павел Делирадев]], [[Мишо Шкартов]], Г. Огњанов, Санадански, [[Александар Бујнов]], [[Чудомир Кантарџиев]], [[Георги Скрижовски]] и др.
Во едни такви околности посебно внимание заслужува заедничкиот конгрес на националното крило на организацијата одржан при крајот на месец мај 1908 година, на кој присуствувале делегати од серскиот, струмичкиот и солунскиот револуцонерен округ.
 
Овој когрес одржан непосредно пред [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] има вонредно значење. Тој не само што ја потврдува генералната линија за одбрана на независноста на револуционерното движење, туку отвара пеrспектива за соработка со другите напредни движења на [[Балкан]]от и за прв пат го истакнува прашањето за балканска федерација. Под раководство на [[Јане Сандански]] oрганизацијата за себе го зела името ''„Македоно-одринска револуционерна организација“'', без зборот „внатрешна“.
Во текот на Конгресот, Јане се осврнал на сите проблеми пред кои било исправено македонското револуционерно движење. Во стремежот да се објаснат позициите на двете групации, да се откријат причините за судирот, да се расветли неуспехот за зачувување на целоста на движењето за кое Јане ги обвинил [[Борис Сарафов|Сарафов]], [[Христо Матов|Матов]] и [[Иван Гарванов|Гарванов]] како и сите оние што ги подржувале, во своето излагање Јане направил ретроспективен осврт на развојот на Внатрешната организација <ref name="IvanKatar" />. Задржувајќи се на проблемите за соработка со другите струења и групи во револуционерното движење, Јане истакнал дека Серчани се подготвени за соработка и борба за преовладување на постојните неседоразбирања и за воспоставување на единство. Меѓутоа, кога ја истакнал таа подготвеност, Јане јасно нагласил дека Серчани не се за соработка по секоја цена. За нив таквата соработка можела да се воспостави само врз принципите на независност на организацијата и бескомпромисната борба против надворешните влијанија. На Конгресот бил формулирана јасна политика кон Бугарија и нејзиното мешање во внатрешните работи на целото макеоднско револуционерно движење. Конгресот заклучил:
 
{{Цитат|'''''Како силно заинтересирана по своите длабоки економски и политички цели при решавањето на македонското прашање, Бугарија прва започнала со исползување на ослободителното дело за своите државнички и династички интереси. На тој начин таа уште од самиот почеток ја компромитира независноста на Организацијата и го предизвикува воружениот курс на туѓите пропаганди, од што земјата се претвори во арена на постојани пустошења. За да ја намали важноста на револуцонерната Организација и да ја оттргне од нејзиниот природен развој, Бугарија ги употребува сите средства да сее раздор меѓу дејателите на внатрешноста, стремејќи се со тоа да ја претвори во свое орудие... Ценејќи ја високо својата независност, Организацијата се објавува најкатегорично против таа политика на Бугарија, третирајќи ги нејзините орудија, подеднакво со орудијата на другите пропаганди''''' <ref name="IvanKatar">Иван Катарџиев, Борба до победа, том еден, Пирин се буди и буни, Мисла, 1983</ref>}}
 
Крајно недовреливи кон надворешните сојузници и окупирани со секојдневните практични проблеми на борбата, реформистите имале потреба од изградувае на политика за кардиналното прашање, ослободувањето на Македонија и нејзините идни односи со соседните држави. Отука, на Конгресот било поставено прашањето за Балканска федерација. Делегатите сметале дека само во рамките на една федерација може да се решат сите проблеми на Балканот, а истовремно ќе дојде до економско и културно издигање на балканските народи. Тие во Федерацијата гледале лек за лекување на сите болести на Балканот и зато заклучиле дека ''тоа обединување на балканските народи ќе се реши на лесен начин без секакви потреси'' <ref name="IvanKatar" />, а во тоа Македонија ќе послужи како главен јазол за балканското сојузување. Од јаболко на раздор таа ќе стане примирител на закараните нации <ref name="IvanKatar" />. По прашањето на организациски план, било решено да се формира нова организација под името [[Македоно-одринска револуционерна организација]] и распуштање на [[Четнички институт на ТМОРО|четничкиот институт]]. Идејата за ''Балканска федерација'' и новата организација, по два-три месеца станале основа за формирање на легалната [[Народна федеративна партија]] <ref name="PavelDel2" />.
 
== Соработка со други политички движења ==