Михаил Даев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12287055
Одбиени последните 3 промени во текстот и вратена ревизијата 2910875 на Jingiby
Ред 16:
Тој е роден е во [[Балчик]], [[Бугарија]], во [[1881]] година. Образованието го стекнува во Варненската гимназија, каде [[Пејо Јаворов]] го врбува за [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]]. Во [[1900]] година пристапува во четата на [[Христо Чернопеев]] и се бори во Источна Македониja. Во [[1903]] година е во четата на [[Михаил Герџиков]]. Делегат е на [[Конгрес на Петрова нива|конгресот]] на [[Одрински револуционерен округ|Одринскиот револуционерен округ]].<ref>Николов, Борис Й. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник“, София, 2001, стр. 40.</ref> За време на [[Илинденското востание]] учествува со своја чета во [[Одринско]], а по убиството на [[Георги Кондолов]] го презел раководството на здружените чети. Во [[јуни]] [[1905]] година, на конгресот на [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] Даев бил назначен за војвода во [[Драма (град)|Драмско]].
 
Откако судирот помеѓу левицата и десницата во Организацијата се заострил, Даев добива наредба од серчани физички да ги ликвидира [[Задгранично претставништво|задграничните претставници]] на Организацијата, [[Иван Гарванов]], [[Христо Матов]] и [[Борис Сарафов]]. Но Даев се разочарува од [[Јане Сандански]] и се свртува против него. Решава да ја искористи блискоста со Сандански за да го убие. Во септември [[1907]] година, преку [[Тодор Паница]], испраќа писмо до Гарванов, во кое го известува за своите намери. Но, Паница, иако Даев му е кум, писмото го предава на Сандански. По добивањето на писмото Серскиот окружен комитет на [[10 октомври]] ги осудува Сарафов, Гарванов и Даев на смрт. Даев е првиот од овие тројца ќе загине. Откако ќе биде фатен, се самоубива на [[30 октомври]] [[1907]] година во с. [[Либјахово]]. Со неговата смрт започнуваат меѓусебните убиства во [[Македонска револуционерна организација|Oрганизацијата]].<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2010/01/mihail-chakov-dnevnik-na-revoliucionnia.html „ДНЕВНИК НА МОЈОТ РЕВОЛУЦИОНЕН ЖИВОТ“, Михаил Чаков, стр. 193-195]</ref>
 
[[Христо Силјанов]] за Даев вели:
 
{{Цитатник|''Убавец, со големи црни очи, смолиста брада и коса, Даев ги шармираше младите со својот боречки идеализам...''}}
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Извори ==
Ред 35 ⟶ 32:
[[Категорија:Македонски војводи]]
 
[[bg:Михаил Даев]]
 
{{Дејци на МРО}}