Сончев Систем: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во [[Астрономска единица|астрономски единици]] кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.
 
ЛОЗАРИ ИСТОК
== Структура на сончевиот систем ==
Најголемото тело во Сончевиот систем е [[Сонце|Сонцето]] кое содржи 99,86% од вкупната позната маса на системот. Потоа, тука се осумте тела кои орбитираат во релативно уникатни орбити, кои најчесто се нарекуваат [[Планета|планети]] и двa појасa составени од помали објекти. Сите објекти кои орбитираат околу Сонцето лежат на иста [[рамнина (математика)|рамнина]] која се нарекува еклиптика и ротираат во иста насока. Повеќето од нив и самите имаат тела кои орбитираат околу нив, а најголемите се опкружени со [[Планетарен прстен|планетарни прстени]] од прашина и други честички.
 
 
Главните планети се (по редослед): [[Меркур]], [[Венера]], [[Земја]], [[Марс]], [[Јупитер]], [[Сатурн]], [[Уран]] и [[Нептун]]. Имињата на седум од планетите се од грчко-римската митологија, додека Земја е германски збор. Осумте планети се делат во две групи: внатрешни и надворешни. Поделбата е направена според положбата на планетите во Сончевот систем (далечината од сонцето), а помеѓу двете групи се наоѓа астероидниот појас. По групата на надворешни планети се простира Појасот Купер.
 
=== Внатрешни планети ===
Четирите внатрешни или терестријални планети се каратеристични по тоа што се составени од густ (каменест) материјал. Тие се формирале во пожешките региони поблиску до Сонцето. Затоа, полесните материјали испариле, а останале оние материјали кои имаат поголема точка на топење, како што се силикатите.
 
Четирите внатрешни планети се:
* [[Меркур]]
* [[Венера]]
* [[Земја]]
* [[Марс]]
 
=== Астероиден Појас ===
Астероидниот појас е составен од тела помали од планетите кои се нарекуваат [[Астероид|Астероиди]] и најчесто се во орбита околу Сонцето помеѓу Марс и Јупитер. Главниот појас се состои од десетици илјади (можеби и милиони) тела поголеми од 1км во дијагонала, иако некои од нив се речиси прашина. Иако се во голем број, вкупната маса на астероидите не надминува илјадити дел од земјината маса. Астероидите со дијаметар помал од 50m се нарекуватт [[Метеороид|метеороиди]]. Најголемиот астероид [[Керера]] е со пречник од околу 1000 км. Се смета дека астероидите се остаток од планета која не успеала да се обедини вo едно тело поради силното [[Гравитација|гравитациско]] влијание на Јупитер. Постојат и астероидни месечини кои се всушност астероиди кои орбитираат околу поголеми астероиди, меѓутоа тие не се издвојуваат како планетарните месечини и понекогаш се големи речиси колку и самите астероиди околу кои ротираат.
 
Во внатрешниот дел од сончевиот систем постојат и „самостојни“ астероиди чии орбити се сечат со орбитите на планетите.
 
=== Надворешни планети ===
Надворешните планети или гасните гиганти се толку големи што заедно содржат 99% од вкупната позната маса на материјата која орбитира околу Сонцето. Бидејќи се релативно далеку од Сонцето, тие ја содржат главнината од [[водород]] и [[хелиум]] во Сончевиот систем, кои биле прелесни за да се задржат на внатрешните планети.
 
Трите надворешни планети се:
* [[Јупитер]]
* [[Сатурн]]
* [[Уран]]
 
== Статусот на Плутон ==