Јосиф Полошки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
Јосиф Полошки е роден на [[21 јануари]] [[1982]] година во [[Скопје]]. По завршувањето на основното образование, во [[1997]] година, се запишал во [[Македонската православна богословија: „Св. Климент Охридски”]] во [[Скопје]], која ја завршил во [[2002]] година. Веднаш потоа го започнал монашкиот подвиг во братството на [[Бигорскиот манастир]], а воедно, како вонреден студент се запишал на [[Православниот Богословски факултет: “Св. Климент Охридски”]] во Скопје, каде дипломирал во [[2010]] година, со одбрана на дипломскиот труд: “''Богородица – почеток на Новиот Завет''”. Замонашен е на [[10 септември]] [[2003]] година од страна на неговиот надлежен Архиереј, Митрополитот дебарско-кичевски, [[Тимотеј Дебарско-кичевски|господин Тимотеј]]. Следната, [[2004]] година бил ракоположен во ѓаконски чин. За еромонах бил ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на [[7 јули]] [[2006]] година. На [[28 јуни]] [[2012]] година бил избран за Епископ Велички и бил поставен за викар на [[Скопската епархија]], со која раководел Архиепископот охридски и македонски, [[господин господин Стефан]].
По смртта на [[Кирил Полошко-кумановски|митрополитот Полошко-кумановски Кирил]] и делењето на епархијатра на две, на [[17 септември]] [[2013]] година<ref>[http://mpc.org.mk/vest.asp?id=5851 ''Соопштение од Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква (17.09.2013 19:53)'']</ref>, Епископот Велички Јосиф бил поставен за прв Митрополит на новоформираната [[Полошка епархија]]<ref>[http://www.plusinfo.mk/vest/96388/Na-dva-dela-podelena-Poloshko-kumanovskata-eparhija ''На два дела поделена Полошко-кумановската епархија'']</ref>, односно бил хиротонисан на [[3 ноември]] [[2013]] година во Соборниот храм [[Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово|„Св. Кирил и Методиј“]] во [[Тетово]].<ref>[http://www.utrinski.mk/?ItemID=90D714EC48AB6547ADF0DA43040672E4 ''Пополнети новоформираните епархии во Тетово и во Куманово'']</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}