Клондајк (река): Разлика помеѓу преработките

река во Канада
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Geobox|Река | name = Клондајк | native_name = {{јаз|en|Klondike River}} | other_name = | category = | etymology = | nickname = | ima...
(нема разлика)

Преработка од 00:34, 16 септември 2013

64°03′08″N 139°26′27″W / 64.05222° СГШ; 139.44083° ЗГД / 64.05222; -139.44083

Клондајк (англиски: Klondike River) — река во територијата Јукон во Канада и притока на реката Јукон. Најпозната е по Златната треска на Клондајк. Реката извира во венецот Огилви и се влева во Јукон кај градот Досон.

Клондајк
Klondike River
Река
Клондајк кај автопатот „Депстер“
Земја Canada
Територија Јукон
Извор Огилви
Утока Јукон
 - местоположба Досон, Јукон, Канада
 - координати 64°03′08″N 139°26′27″W / 64.05222° СГШ; 139.44083° ЗГД / 64.05222; -139.44083
Должина 160 км
[1][2]

Името доаѓа од поимот „чонтак“ (/ʈʂʼontək/) на ханските индијанци, со значење токмачки камен, кој се користел за набивање на колците на кои се закачувале мрежите за фаќање лосос.

Во 1896 г. во притоките на Клондајк е откриено злато, кое се експлоатира до денес. Реката е спомената во расказот „Реликт од плиоценот“ од Џек Лондон[3], каде е наречена Ирвасова Река (Reindeer River).

Глаерија


Поврзано

Наводи

  1. „Клондајк“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 5 март 2010. (англиски)
  2. „Клондајк“. Министерство за природни ресурси на Канада. Посетено на 5 март 2010. (англиски)
  3. "A Relic of the Pliocene", Collier's Weekly, 1901

Надворешни врски