Тимар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тимар''' претставува имот со приход до 19.999 [[акче|акчиакчиња]] (османлиски сребрени пари). Турските паши на своите офицери со царски [[берат]]и им давале на управување тимари на определени места. Управителите на тимарите, [[Спахија|спахиите]], имале право да ги собираат сите даноци од доделеното земјиште задржувајќи за себе одреден дел. Со приходите од тимарите, спахиите заработувале за својата издршка, вклучително и трошоците за своето вооружување. Спахијата бил должен да учествува во воените походи на турската армија со вооружени коњаници, по еден на секои 3.000 акчиња приход на својот тимар. За посебни заслуги, процентот кој го земал спахијата од вкупните приходи можел и да се зголеми. Тимарот најчесто се доделувал во замена за извршување на воена должост, односно како воено лено со ограничено наследно право, колку биле поголеми приходите толку биле поголеми и обврските кон државата. Понекогаш некои тимари се доделувале на невоени лица, кој влегувале во владеачката османлиска класа, понекогаш [[Кадија|кадиите]], преставници на османлискиот судски систем добивале тимари за извршување на своите должности.
 
== Тимарски систем ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тимар