Разлика помеѓу преработките на „Шпанско-американска војна“

с
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 49 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q12583 (translate me))
с
 
== Започнување на војната ==
Кога во [[1897]] година претседател станал [[Мек Кинли]]Макинли, официјално протестирал против „нецивилизираното и нехумано“ однесување на шпанската влада во Куба. Но мирното решение и немешањето на Америка исчезнале после два драматични инцидента во [[февруари]] [[1898]] година. Првиот инцидент бил кога еден кубански агент во [[Хавана]] украл приватно писмо напишано од шпанскиот претставник во [[Вашингтон]], Дупуј де Лом, и го предал на американскиот печат. Во писмото Мек КинлиМакинли бил опишан како „слабак и лицитант за обожавање на масата“. Ова не било полошо од она што го зборувале самите Американци за својот претседател. На пример, [[Теодор Рузвелт]] го опишал Мек КинлиМакинли како „човек кој нема повеќе ’рбет од чоколаден еклер“, но бидејќи доаѓало од странец, предизвикало јавен бес.<ref>Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 459, Штрк, 1999.</ref>
 
Вториот инцидент била експлозија на американскиот воен брод „Мејн“ во пристаништето на [[Хавана]], при што загинале повеќе од 260 луѓе. На бродот во јануари му било наредено да вплови во [[Куба]] за да ги заштити американските животи и имотот од можни напади од страна на шпанските лојалисти. Многумина Американци претпоставиле дека Шпанците го потопиле бродот, особено кога морнаричката истрага соопштила дека катастрофата била предизвикана од надворешна експлозија на подводна мина (подоцнежните докази покажале дека експлозијата била случајна и се случила во една од машинските простории). Тоа било доволно земјата да ја зафати воена хистерија, и Конгресот едногласно одобрил 50 милиони долари за воени подготовки. „Паметете го Мејн“ - бил националниот повик за освета. На [[25 април]], Мек КинлиМакинли побарал и добил од Конгресот објавување на војна.
 
Војната објавена во [[април]], била готова во [[август]], па државниот секретар Џон Хеј ја нарекол „блескава мала војничка“, мислење кое го имале повеќето Американци, освен самите војници што се бореле во неа. Во борбите загинале само 460 Американци, но од зарази умреле 5200 војници.