Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|<center>[[Бленхајм-обоен кавалерски шпаниел.</center>]] '''Кав...
 
Ред 54:
[[Сирингомиелијата]] е болест која што ги погодува [[мозок]]от и [[’рбет]]от, причинувајќи симптоми кои варираат од блага непријатност до силна болка и делумна [[парализа]]. Предизвикана е од деформации во долниот дел на черепот со што се намалува просторот во кој е сместен мозокот, компресирајќи го и често туркајќи го преку отворот на [[’рбетниот мозок]]. Ова го блокира протокот на [[мозчно-’рбетната течност]] околу мозокот и ’рбетот и го зголемува [[притисок]]от на течноста, создавајќи турбуленции кои за возврат се очекува да создадат џебови со течност или [[сиринкси]] (нервни празнини исполнети со течност), од каде што доаѓа терминот ''„сирингомиелија“'', во ’рбетниот мозок. Оваа болест е ретка кај другите раси, но станала широко распространета кај кавалерскиот шпаниел. Меѓунардни истражувања покажале дека во последните неколку години 90% од кавалерските шпаниели ја имаат оваа деформација, а 30-70% од нив имаат сиринкси. Како и да е, повеќето кучиња кои имаат сиринкси не се подложни на оваа болест. Иако нејзините симптоми можат да се појават на било која возраст, тие обично се појавуваат помеѓу шест месеци и четири години во 85% од кучињата подложни на оваа болест, според научниот истражувач [[Клер Расбриџ]]. Симптомитe вклучуваат чувствителност околу главата, вратот или рамената, често препознатливи по непријатност кај кучињата и чешање на вратот и рамената. Чешањето е најчесто [[унилатерално]], т.е. само на едната страна од телото. Движењата на чешањето често се вршат без физички контакт со телото (''„чешање во воздух“''). Ова однесување се појавува безволно и кучињата често можат да се чешаат додека одат, без да го сопрат одењето, што не е многу типично за нормалното чешање (''„подрипнувајќи како зајче“''). Типичното чешање предизвикано од [[сирингомиелијата]] е обично полошо кога кучињата носат ланче околу вратот, се шетани на ланец, или се возбудени, најчесто веднаш од кога ќе станат или навечер пред да си легнат.
 
[[Податотека:CavalierKgChas2_wb.jpgCavalierKgChas2 wb.jpg|left|thumb|<center>Ова Бленхајм крзно има богато костенливи белези на бисерно бела позадина.</center>]]
Не сите кучиња кои ја имаат оваа болест се чешаат и не сите кучиња кои се чешаат имаат болка, иако неколку водечки истражувања, вклучувајќи ги оние на [[д-р Клер Расбриџ]] од [[Велика Британија]] и оние на докторите [[Куртис Дуи]] и [[Доминик Марино]] од [[Соединетите Американски Држави]], покажале дека каваелрските шпаниели кои имаат [[сирингомиелија]] и се чешаат е знак на болка и непријатност и на веќе постоечки невролошки оштетувања на задниот дел од ’рбетот. Ако се појави на рана возраст, првите знаци можат да бидат чешање или брзо појавување на [[сколиоза]]. Ако проблемот е сериозен, постои веројатност да имаат слаба [[проприоцепција]] (положба на телото), особено во однос на предните екстремитети. Несмасноста и паѓањето се резултат на овој проблем. Повеќето кучиња кои покажуваат симптоми на 4 години обично имаат влошувања на оваа состојба, иако и тоа варира.