Разлика помеѓу преработките на „Карун“

Додаден 11 бајт ,  пред 7 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
'''Карун''' ({{lang-fa|کارون‎}}) — [[полноводност|најполноводна]] и единствена пловна [[река]] во [[Иран]]. Долга 720 км и извира во плаинната [[Зардкух]] во венецот [[Загрос]]. По течението ѝ се приклучуваат повеќе [[притока|притоки]] како Дез и Кухранг, пред да помине низ [[Ахваз]], главен град на покраината [[Хузестан]].
 
По Ахваз, течението продолжува кон [[Персиски Залив|Персискиот Залив]], подвојувајќи се во две [[растока|растоки]] во [[речна делта|делта]]та: Бахманшир и Хафар што му сесфе приклучува на {{бп|[[Шат ел-Араб]]}} (пер. Арвандруд) и се влева во Персискиот Залив. Меѓу двата ракава е сместе важниот остров [[Абадан]]. Хафар го дели пристанишниот град [[Хоремшехр]] од островот.
 
Реката е спомената во [[Библија]]та под името „Фисон“<ref>[http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Bitie%202 Битие 2:11] — Македонска Библија</ref> — една од четирите реки на [[Еденска градина|Еденската градина]] (Рајот). Другите три се [[Тигар (река)|Тигар]], [[Еуфрат]] и [[Керхе]] („Улај“<ref>[http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Daniel%208 Даниел 8:2] — Македонска Библија</ref> или „Гихон“). Во времето на [[Македонска империја|Македонската империја]], реката се нарекувала Паситигар, што е веројатно етмолошки врзана со библиското име Фисон. Средновековното (и денешно) име Карун доаѓа од „Кухранг“, која денес се однесува на една од поважните притоки на реката.