Камен мост (Скопје): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена во текстот (од 79.126.145.154) и вратена ревизијата 3088488 на Addbot
Ред 39:
== Обновувања и санации ==
Низ вековите мостот претрпел повеќе оштетувања, што наложувало и конкретни зафати за неговото санирање и обнова. Познато е дека мостот настрадал од големиот земјотрес од 1555 год. кога биле разурнати или тешко оштетени четири столбови. Турскиот патеписец [[Евлија Челебија]], кој престојувал во градот во 1660-61 год., го препишал од мермерна плоча натписот што бил поставен на мостот при неговото обновување. Во натписот е запишано:
{{cquote|Кога луѓето го видоа обновувањето на овој беспримерен мост, фалејќи го, рекоа: „Многу е поубав отколку што беше порано.“}}
 
 
Обновата била изведена 987 година по хиџра, односно 1579 год. Обновениот мост опстојувал пред почестите налети на реката. Но сепак, во 1817-18 год., за време на султанот [[Махмуд II]] (1808-1839 год.), била извршена нова интервенција, за која според податоците биле платени 28.816 [[грош|гроша]] и 2 аспри. Интервенции за одржување на мостот се правени и подоцна. Така пред 1885 год. биле презедени градежни работи за обновување на арките и сводовите од североисточната страна, при што се употребени тули за сводовите и камени плочи за долните партии на столбовите. Низ сиот период, сѐ до 1909 год., мостот имал огради од камени плочи.