Ран нов век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 180:
Помеѓу поважните владетели од тоа време [[Шарл Дрскиот]], како што му бил познат на непријателите,<ref>The title was derived from his savage behavior against his enemies, and particularly from a war with France in late 1471: frustrated by the refusal of the French to engage in open battle, and angered by French attacks on his unprotected borders in Hainault and Flanders, Charles marched his army back from the Ile-de-France to Burgundian territory, burning over two thousand towns, villages and castles on his way—Taylor, Aline S. ''Isabel of Burgundy''. Lanham, Md: Madison Books, c2001, pp. 212–213</ref> бил последниот [[војвода на Бургундија]] од [[Династија Валоа|династијата Валоа]] и неговата прерана смрт била важен, недоволно признат момент од европската историја. Шарл се сметал за последниот претставник на феудалниот дух – човек кој немал друга доблест освен слепата храброст. По неговата смрт, Шарл ја оставил неговата немажена 19-годишна ќерка, [[Марија од Бургундија]], како негов наследник; нејзиниот брак ќе има сериозни последици на политичката рамнотежа на Европа. Хабсбуршкиот цар ќе ја обезбеди нејзината рака за неговиот син, идниот Свет Римски цар [[Максимилијан I]], со помош на маќеата на Марија, Маргарета. Во 1477 година, териториите на [[Војводство Бургундија|Војводството Бургундија]] биле припоени од Франција. Во истата година Марија се омажила со Максимилијан, надвојводата на Австрија, со што на [[Хабсбуршка династија|Хабсбурзите]] им дало контрола врз остатокот од [[Хабсбуршка династија|бургундското наследство]].
 
[[Клод од Лорена]], била [[војвода на Гиз]] од 1528 година па се до неговата смрт и се истакнал во битката кај Марињано (1515) и долго се опоравувал од дваестет и двете рани што ги здобил во битката. Во 1521 година, се борел кај [[Фуентерабија]] и [[Луиза Савојска]] му го препишала нему заземањето на местото. Во 1523 станал гувернер на [[Шампања]] и [[Бургундија]], откако ги победил [[Свето римско царство|царските]] војници кои биле испратени да ги заземат тие региони кај [[Нефшато]]. Во 1525 година, ја уништил анабаптистичката [[Селанска војна|селанска војска]], којашто ја имало во голем број во [[Лорена]], кај [[Лупстен]], во близина на [[Саверн]]. Откако Франсоа I се вратил од заробеништво во 1528 година, Клод бил прогласен за војвода на Гиз во [[француското перство]], иако дотогаш само принцевите од кралското семејство ја имале титулата војвода и француски пер. Династијата од Гиз, биле кадети во благородничкото семејство на Лорена и наследници на [[Анжујска династија|Анжујската династија]], барале предност пред [[Династија Бурбони|бурбонските]] принцеви од [[Конде]] и [[Конти]].
 
[[Третиот војвода од Алба]] бил благородник важен за раниот нов век, наречен ”Железниот војвода” од протестантите од [[Ниските земји]] поради строгото владеење и суровост. Приказни за злосторствата направени за време на неговите походи во [[Фландрија]] станале дел од холандскиот и англискиот фолклор, формирајќи го централниот дел од [[Црната Легенда]].