Хирохито: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Emperor_Hirohito_coronation_1928.jpg|thumb|300px|Царот Хирохито сликан во Кјото, 1928.]]
'''Хирохито''' ([[јапонски]]: 裕仁) ({{роден на|29|април|1901}} - {{починал на|7|јануари|1989}}) бил [[цар на Јапонија]] од [[1926]] до неговата смрт. Во Јапонија е познат по неговото постхумно име Шоова Тенноо (јапонски: 昭和天皇).
 
Првиот дел на неговото владеење ([[1926]] - [[1945]]) се случило во времето кога се зајакнувала воената сила на [[влада]]та. Иако [[Устав]]от пропишувал дека само царот смеел да управува со Јапонското царство и неговата [[армија|војска]] и [[воена морнарица]], вистинската ситуацијата била поинаква. Тој всушност претставувал само фигура. [[Политика]]та на тогашната влада евентуално довела до [[војна]] со [[Кина]] ([[1937]] - [[1945]]) и [[Втората светска војна]]. Како последица на тоа, и до денес кај некои жители на азиски држави окупирани од страна од јапонската царска армија, често имаат непријателски однос кон јапонското царско семејство.
 
По јапонскиот пораз во Втората светска војна, [[САД]] преку генералот [[Даглас Мекартур]] му дозволила на Хирохито да продолжи со неговото владеење, но без традиционалното тврдење дека бил потомок на „Сончевиот Бог“ поради што биле жртвувани многу животи за текот на војната ([[камиказе]]). На Хирохито и Јапонија им се овозможило да се концентрираат на развивање на економијата во кој домен државата стекнала голем напредок.