Индонезија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 118:
Индонезија се протега меѓу 11° ЈГШ и 6° СГШ и од 95° до 141° ИГД. Се состои од 17 508 острови, од кои 6000 се населени. Тие се расфрлани на двете страни на екваторот. Најголеми острови се Јава, Суматра, Борнео (делови од островот припаѓаат на Бурнеи и на Малезија), Нова Гвинеја (дел од островот припаѓа на Папуа Нова Гвинеја) и Сулавеси. Индонезија копнено се граничи со Малезија на островот Борнео, со Папуа Нова Гвинеја на островот Нова Гвинеја и со Источен Тимор на островот Тимор. Индонезија има поморски граници низ морски теснеци со Сингапур, Малезија и Филипини на север и со Австралија на југ. Главниот град, Џакарта, се наоѓа на островот Јава и е најголем град во Индонезија а по него се Сурабаја, Бандунг, Медан и Семаранг.
 
Со површина од 1 919 440 km2 км² Индонезија е 16 најголема земја во светот по големина. Просечната густина на населеност е 134 жители на квадратен километар се наоѓа на 79 место во светот, а Јава, најнаселениот остров на светот има густина на населеност од 940 жители на квадратен километар. Со висина од 4884 m Пунчак Џаја е највисокиот врв, а езерото Тоба во Суматра е најголемото езеро со површина од 1145 km2. Најголемите реки во земјата се Махакам и Барито и се наоѓаат на островот Калимантан. Овие реки претставуваат транспортни и комуникациски врски меѓу речните населби на островот.
 
Местоположбата на Индонезија на рабовите на тихоокеанските, евроазиските и австралиските тектонски плочи е причина за бројните вулкани и честите земјотреси. Индонезија има најмалки 150 активни вулкани вклучувајќи ги и [[Кракатау]] и [[Тамбора]] кои се познати по разурнувачките ерупции во 19 век. Ерупцијата на супервулканот Тамбора пред околу 70 000 години беше еден од најголемите ерупции и претставуваше глобална катастрофа. Неодамнешните катастрофи кои се резултат на сеизмичка активност се цунамито во 2004 година во северна Суматра кое имаше околу 167 736 жртви и земјотресот Јогјакарта во 2006 година. Сепак, вулканскиот пепел придонесува за големата плодност на земјата и е причина за големата густина на населеност на Бали и Јава.