Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
'''Манастирот Трескавец''' се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, на 10 километри од [[Прилеп]], меѓу карпите под [[Златоврв]] (1422 м.). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини [[Баба]], [[Бабуна]] и [[Кајмакчалан]], на рамнината [[Пелагонија]], како и на градовите [[Прилеп]], [[Битола]] и [[Крушево]].
 
За манастирот Трескавец се вели дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во [[Македонија]], затоа што до него може да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми.Но сега Владата на Република Македонија изгради пат пристапен со автомобил.
Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во [[Македонија]] и значаен монашки и духовен центар на [[Охридската архиепископија]].
 
==Историјат==
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII-ти век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV-тиот век бил обновен и даруван од српскиот [[Крал Милутин]]. [[Кралот Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII-ти век се Трескавечките повелби на [крал Душан]], во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите Андроник II и Мануил IX. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот крал[[Крал Милутин]], а подоцна и кралот Душан и неговиот син [[Урош]]. Датирањето на манастирот од почетокот на XIII-ти век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
 
==Преданија==
Ред 16:
„Местото Светец е една ширинка на запад ко ќе одиш од [[Маркови Кули]], пред Црвени Стени пред да дојдиш, широка ледина позната како Светец. Таму сакале мештаниве да го градат манастиров, црквава. Се вели дека тука мајсториве работеле дење, меѓутоа ноќе се забележувала некоја необична светлина која се движела некаде околу полноќ, како да поминува некоја невидлива сила, некој светец кој свети, ќе трепка, ќе замини и оди кон Богоројца. И таму ги најдувале алатите остаени, кај шо е Трескавец сега манастиро. Утрото пак ги земале, пак граделе, нели започната градба, меѓутоа пак, пак истото се случува до вечерта граделе, од вечерта се појавува светлина, утрото алатите ги нема, на два-три пати то се случило, ете божја волја е тука да не се гради и отогаш таја светлина не се појавила. Се верува дека во одреден период во годината, обично во летно време при полна месечина ко ќе биди, некаде пред празнико [[Св. Илија]] ако бидиш буден че можиш да ја видиш таа светлина, светецо како врви, само треба да останиш буден во то време, ако бидиш таму на тоа место“.
 
Народното предание недвосмислено ни говори дека самото име на манастирот Трескавец претставува еден од атрибутите со кој се изразува митолошкиот Громовник кој со христијанизацијата се оваплотува во ликот на [[пророкот Илија]]. На тоа не упатува појавата на светецот во вид на светлина и тоа точно пред празникот на најпочитуваниот огнен светец, громовникот [[Св. Илија]]. Ако на тоа додадеме дека веќе научно е докажано дека местото на манастирот било култно светилиште на [[Аполон]], чија хипостаза е христијанскиот светец [[Св. Илија]], тогаш зачуваните претстави во народната меморија за изградбата на манастирот можеме да ги прифатиме за длабока вистина. Врската на самата местоположба на манастирот со трескањето на Громовникот ја забележала и народната метеорологија на опитните [[Варош]]ани - земјоделци и сточари кои доколку се појават темни облаци од страната на Златоврв велат: „Еве го иди [[Св. Илија]] - сигурно ќе грми и треска!“
 
Трескањето е меморирано и во едно друго народно предание, запишано од Ј. Хаџи-Васиљевиќ, кој во врска со преименувањето на месноста од [[Златоврв]] во Трескавец вели дека откако царицата Кала Марија(Елена), жената на Бајазит посакала да се причести во манастирот, а тоа не ѝ било дозволено од страна на владиката, толку се налутила што наредила да се заколат сите калуѓери (300 на број). Понатаму преданието кажува дека по овој чин од крвта на калуѓерите излегол страшен ѕвер: змеј/змев кој владеел со манастирот цели 160 години се додека еден ден Бог не пуштил гром на големото црковно кубе кое паднало врз змејот и го убило. „До овој момент“ - вели преданието – „и манастирот и целата планина се викале Златоврв, а од тогаш населението ги нарекло Трескаец по зборот треска - како што се нарекува громот во овој крај“.
Ред 103:
Од средината на XIV-ти век потекнуваат фреските на некогашната фасада на доградениот параклис со ктиторските композиции, на кои е насликан ликот на ктиторот, тепчијата Градислав. Веднаш потоа се насликани и фреските на фасадите од ексонартексот.
Во централниот дел од северозападната купола е насликана претставата на [[Исус Христос]] како цар на небесата, тронот со евангелие на него, лево од него [[Богородица]] царица и десно цар Давид. Околу нив се наоѓа светата војска на небесниот двор од херувими, серафими, архангели и ангели, а меѓу прозорците се претставени осум свети воини кои овде, за разлика од вообичаените кадешто [[Св. Ѓорѓи]] или [[Св. Димитриј]] секогаш сме навикнале да ги гледаме облечени како војници, се претставени како благородници во преубави одежди за тоа време, повторно како дел од небесниот двор.
На западниот sид во горната зона е всадена една мермерна статуа на римски војник во Хитон. Христијаните, кои при градбата не претпоставувале дека е нешто посебно, ја искористиле како градежен материјал. [[Св. Апостол Павле]] во едно од посланијата кон Римјаните се обраќа со зборовите „вашите кипови ќе станат обични камења“, а тука во вистинска смисла на зборот имаме римски кип кој станува обичен камен употребен за градба.
 
За убавината на сегашната црква придонесуваат и мермерните декорации кои се вградени од многу постариот ранохристијански храм. Особено е впечатлива манастирската трпезарија од XIV-ти век со зачувани камени седишта и долги камени трпези во кои се вдлабени посебни места за нозете. Не дека во тоа време не знаеле како се прават дрвени маси, туку луѓето сакале да направат нешто посебно за [[Богородица]], и вложиле огромен труд и пари обработувајќи ги огромните камени блокови, тешки повеќе од два тона. Во трпезаријата има фрески од XVII-ти век и XIX-ти век, под кои се наоѓаат остатоци од фрескоживопис од XIV-ти век.