Минхен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 265:
=== Центарот на градот ===
 
Во центарот на градот е ''[[Мариенплац]]'', голем отворен плоштад именуван според [[Маријански столб|столбот]], кој е во центарот на плоштадот и близу кој се наоѓаат [[Стара градски дом (Минхен)|Стариот]] и [[Нов градски дом (Минхен)|Новиот градски дом]] ([[ратхаус]]). На кулата на Новиот градски дом е познатото ѕвонење на камбаните («Rathaus-Glockenspiel»). Три порти од разрушените средновековни тврдини се зачувани до денес: [''[Изартор]]'' («Isartor»), на исток, ''[[Зендлингертор]]'' («Sendlinger Tor») на југ и ''Карлстор'' («Karlstor») на запад од центарот на градот. Карлстор (кој бил тотално разурнат ѕа време на Втората светска војна) води до [[Карлсплац (Штахус)|Штахус]], голем плоштад на кој се наоѓа [[Судска палата (Минхен)|Палатата на правдата]] («Justizpalast») и голема фонтана.
 
[[Црква Свети Петар (Минхен)|Црквата Свети Петар]] («Peterskirche») во близина на Мариенплац е најстарата црква во центарот на градот. Изградена е во [[Романескна архитектура|романескин архитектурен стил]] и во неа биле сместени монасите уште пред официјалното основање на градот во 1158 год. Во близина на Св. Петар е и Црквата на Светиот дух («Heiliggeistkirche») изградена во готски стил, која подоцна од 1724 година била претворена во барокен стил и истата гледа кон [[Виктуалиенмаркт]] («Viktualienmarkt»), најпознатиот пазар во Минхен.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Минхен