Разлика помеѓу преработките на „Магарешки атентати“

нема опис на уредувањето
с (Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12285517)
'''Магарешките атентати''' претставуваат серија од [[Тероризам|терористички]] акти извршени во текот на [[1911]] и [[1912]] година од дејци на новата организација [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]],<ref>Виолета Аковска и Никола Жежов „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Скопје, 2004.</ref> која произлегла од [[Расцеп на Македонската револуционерна организација|расцепот на Македонската револуционерна организација]].
 
Во периодот што непосредно претходел на [[Балканските војни]], во Македонија ВМРО ја продолжила вооружената борба, но со нова тактика. На [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] се дало акцент на тероризмот и од тука произлегле т.н. Магарешки атентати. Со атентатите се сакало да се предизвика турскиот фанатизам и со очекуваните последици од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците.
 
== Опис ==
 
Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава [[Анастас Митрев]], кој запишал:
:''Некаков македонски бедник го натоварил магаренцето со две торби пченкарно брашно, оди на пазар... Го пречекува четата и, со пари или без пари, му го зема магаренцето, става во едната торба пеколна машина и еден од четниците, преоблечен во селска облека, тргнува со магаренцето кон пазарот. И таму, каде што се струпува турската сиромаштија, запира пропадавчот..., ги растоварува торбите... со викот ефтино брашно! Даалиите се натрупуваат околу продавачот, секој посакува да купи евтино брашно за да ги нахрани своите гладни деца. Продавачот одвреме навреме го погледнува часовникот и, две-три минути пред избувнувањето на пеколната машина, ја прекратува продажбата за малу, оди да го види магаренцето, или по нужда и не се враќа повеќе. Пеколната машина експлодира и откинува некому рака, некому нога, некому глава од насобраната турска сиромаштија. Атентаторот жив, здрав и насмеан дека успешно си ја извршил дадената задача се враќа кај четата на определеното место.'' <ref>Др. Манол Пандевски, Предговор кон Мемоари огледи статии на Анастас Митрев, Скопје, 1974.</ref>
 
== Атентати ==
Се случиле повеќе вакви атентати: во почетокот на 1912 година во [[Штип]], на [[1 август]] 1912 во [[Кочани]], а на [[28 август]] во [[Дојран]]. Целта на овие атентати е да се предизвика турскиот фанатизам.
 
На [[4 декември]] [[1911]] година во [[Штип]] експлодирала вреќа со бомби при што биле убиени двајца Турци, а биле ранети 25 Турци, еден Евреин и еден Македонец. Како резултат од оваа терористичка дејност за помалку од еден час биле убиени 17 христијани, а 149 биле ранети.<ref>[http://books.google.com/books?id=gTPuMKq2nVkC&printsec=frontcover&dq=Mladoturskata+revolucija+vo+Osmanskata+imperija++By+Jusuf+Hamza#v=onepage&q&f=false Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османската империја“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 345-346 стр.]</ref>
Како резултат од ваквата терористичка дејност на [[4 декември]] [[1911]] година во [[Штип]] за помалку од еден час биле убиени над 20 христијани, а стотици биле ранети. Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал.
 
Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал. Но, по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во Скопје, утврдил дека ''бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот плоштад околу 9 и 30 часот наутро.'' <ref>ДАРМ, М-1606, сн. 493-494, PRO FO 294/38, (Писмо од Вилијам Хав до Хари Лем), 13.12.1911.</ref> Таа експлодирала неколку минути подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од нив починал по три дена.
 
Според извештајот на епископскиот викар од Штип, ''по овој несакан инцидент, целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз невините христијани''. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници, полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки, револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население дојдено да пазарува, со повиците ''Убијте ги каурите''. Во рок од половина час голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени 17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150. Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од добиените повреди.
 
Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, ''туку тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да доведе до инцидент''. Лем наведува дека по шокантното ''убиство на шест муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во Штип, ... минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги прекинат врските со организацијата на [[Тодор Александров]], одбивајќи дури да даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот''. После тоа, Александров ја објавил својата намера ''да им го доведе умот''.
 
Се случиле повеќе вакви атентати: во почетокот на 1912 година во [[Штип]], на [[1 август]] 1912 во [[Кочани]], а на [[28 август]] во [[Дојран]]. Целта на овие атентати е да се предизвика турскиот фанатизам.
Паралелно со атентатите, продолжиле меѓусебните вооружени пресметки на македонските револуционери. Во овој период бил убиен [[Добри Даскалов]] во Тиквешијата, делегат на Првиот конгрес на [[Народна федеративна партија|НФП]], соработник и истомисленик на [[Димитар Влахов]].
 
== Извори ==
6.344

уредувања