Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Заштита на личните податоци“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Ова начело ги покрива личните податоци собрани или зачувани од Фондацијата на нејзините сервери во релација со проектите и нивните заедници. Во контекст на своето Начело за задржување на податоци, Фондацијата го собира и задржува најмалиот можен дел од лично препознатливите податоци за да ги исполни операциските потреби на своите проекти.
 
==Јавната и соработувачкатасоработниот природакарактер на проектите==
Сите проекти на Викимедија Фондацијата Викимедија се заеднички развиени од нивните корисници преку МедијаВики софтверот. Секој со интернет пристап (и кој не е на друг начин спречен) може јавно да ги уредува страниците кои можат да се уредуваат на овие сајтови без или со најавување како регистриран корисник. Правејќи го ова, уредувачите создаваат издаден документ и јавен дневник за секој додаден, исфрлен или променет збор. Ова е јавен акт и уредувачите се препознаени јавно како автори на таквите промени. Сите придонеси направени на еден проект и сите јавно пристапни информации за овие придонеси се неотповикливо лиценцирани и можат да бидат слободно копирани, цитирани, повторно употребувани и прилагодени од трети лица со малку ограничувања.
 
==Активности на проектите на Фондацијата==
Општо, ова начело важи само за приватните информации складирани или задржани од Фондацијата кои не се јавно пристапни.
 
Интеракциите со проектите кои не се поврзани со ова начело вклучуваат, но не се ограничени на, аспекти од пребарување и уредување на страници, користењето на вики „прати е-пошта до корисник“ функцијата, пријавување и постирање на е-поштенските листи овозможени од Фондацијата и кореспонденцијапреписка со системот за билети на Фондацијата („OTRS“). Овие интеракции можат да ја прикажат IP адресата на придонесувачот и можеби и други лични податоци до општата јавност или до специфична група на волонтери кои делуваат независно од Фондацијата.
 
Корисниците исто така можат да вршат и меѓусебна интеракција надвор од сајтовите на Фондацијата, преку е-пошта, IRC или друг вид на инстантна комуникација или преку независни мрежни места. Тие треба да ги проценат можните ризици и нивната лична потреба за приватност пред да ги користат овие начини на комуникација.
::Преку е-пошта:
::Корисниците не се задолжени да овозможат е-поштенска адреса кога се регистрираат. Корисниците кои ќе овозможат валидна е-поштенска адреса можат да овозможат другите најавени корисници да им пратат пошта преку викито. Кога се прима пошта преку овој систем, сопствената е-поштенската адреса не е прикажана. Кога се праќа пошта до други корисници, сопствената е-поштенска адреса е прикажана.
::Е-поштенските адреси наведени во корисничките нагодувања можат да бидат искористени од Фондацијата за комуникација. Корисниците чии сметки немаат валидна е-поштенска адреса нема да можат да постават нова лозинка доколку претходната е изгубена. Во таква ситуација, корисниците можат да контактираат некој од администраторите на Викимедија серверите да вметне нова е-поштенска адреса. Корисникот може да ја отстрани корисничката е-пошта од своите нагодувања во било кој момент и да спречи таа да се користи. Приватната кореспонденцијапреписка меѓу корисниците може да биде зачувана по желбата на тие корисници и не е тема на начелата на Фондацијата Викимедија.
::На мејлинг листите:
::Е-поштенските адреси искористени за зачленување и постирање на мејлинг листите на некој проект се откриени на другите членови на листата. Архивите на тие листи во поголемиот дел од таквите мејлинг листи се јавни и пребарувањето на јавните архиви може да биде извршено на мрежата. Зачленетите адреси можат да бидат и цитирани во пораките на другите корисници. Овие е-поштенски адреси и било кои пораки праќани преку мејлинг листа може да бидат архивирани и како такви трајно да останат јавни.