Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 60:
[[Податотека:AmbroseOfMilan.jpg|thumb|'''[[Амброзиј Милански]]''' на римски мозаик од V век изработен во [[Милано|миланската]] црква посветена на канонизираниот Амброзиј. Влијателниот епископ денес се смета за еден од четирите татковци на Латинската (Римокатоличката) црква, а како светец се почитува и меѓу православните.]]
 
Без поддршката на Сенатот, а наскоро и на војската, [[Грацијан]] бил убиен во 383 г. во судирот со [[МагнусМагн МаксимусМаксим]], командантот на британските легии. После тоа, војсководачот на Валентијан, [[Баутон]], кој имал [[франки|франачко]] потекло, успеал да ги блокира [[Алпи|алпските]] превои и новата узурпација била разрешена со дипломатија. [[МагнусМагн МаксимусМаксим]] бил признат како западен [[август (титула)|август]], чија власт ја признале [[Британија]], [[Галија]], [[Хиспанија]] и [[Африка]]. Кога во 387 г. западниот август го прекршил договорот и ја нападнал [[Италија]], младиот Валентијан и неговата мајка побегнале кај Теодосиј во [[Солун]]. По низа тешки борби на [[Балкан]]от, Теодосиј, со помош на готските одреди, успеал во 388 г. кај [[Аквилеја]] да го порази и да го погуби [[МагнусМагн МаксимусМаксим]]. Потоа Теодосиј се задржал на Запад се до 391 г. до кога поважните позиции им ги препуштил на своите луѓе. Неговата посета на Запад била значајна од повеќе причини. Првата била таа што се покажало дека во царскиот колегиум источноримскиот владател е посилен партнер, кој својот избор за совладател може да му го наметне на Западното царство. Вториот аспект било јавното покајание, откако [[Амброзиј Милански]] го екскомуницирал Теодосиј, низ што царот поминувал со месеци за да се искупи за колежот на околу 7000 бунтовници од [[Солун]]. И најпосле, Амброзиј влијаел во 391 г. царот да издаде низа [[декрет]]и кои биле насочени против паганството. Паганството воопшто не било потполно задушено со овие закони, но бројни традиционални обичаи биле укинати. На пример, бил распуштен колегиумот на [[весталки]]те и изгасен е вечниот оган на [[Веста]], претскажувањето на иднината по пат на ауспициј станало казниво, а најпосле, во 393 г. биле укинати древните [[Олимписки игри]]. Јавното потчинување на Теодосиј на епископот Амброзиј и низата антипагански мерки го означиле крајот на паганството.
Теодосиј се вратил на исток и го оставил франкот [[Арбогаст]] како врховен воен заповедник на Западот (magister militum). Во рацете на Арбогаст се наоѓала сета власт и младиот Валентинијан во неколку наврати му се пожалил на Теодосиј за неговото владеење. Најпосле, официјално на 15, мај 392 г. Валентинијан извршил самоубиство, но во [[Константинопол]] почнале сомневањата дека Арбогаст го убил царот. Веќе на 22. август 392 г. за западноримски цар е прогласен [[Евгениј]] кој, иако номинално бил христијанин, им пружил поддршка на паганите. Теодосиј одбил да го признае Евгениј за нов цар, туку својот деветгодишен син [[Хонориј]] го прогласил за август на Западот на 23. јануари 393 г. Прогласувањето на Хонориј било исто што и објавување војна и Теодосиј започнал нов поход на Запад и на 6. септември 394 г. ги поразил [[Евгениј]] и [[Арбогаст]] во битката на [[Фригид]]. (денешна граница меѓу [[Италија]] и [[Словенија]]), со што повторно, слично на Константин, го обединил Римското царство под своја власт.
 
Ред 181:
* [[Грацијан]] (375-383, Британија, Галија, Хиспанија)
* [[Валентинијан II]] (375-388, Италија, Африка, Панонија, 388-392, целиот запад)
** [[МагнусМагн МаксимусМаксим]] (383-388, Британија и Галија)
** [[Евгениј]] (392-394, целиот Запад)