Бенгал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 63 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q80338 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Бенгал''' ([[Бенгалски јазик|бенгалски]]: বঙ্গ ''Bôngo'', বাংলা ''Bangla'', বঙ্গদেশ ''Bôngodesh'' или বাংলাদেশ ''Бангладеш'') е историски и географски регион во североистокот на [[Јужна Азија]]. Денес тој е поделен меѓу независната нација на [[Бангладеш]] ([[Источен Бенгал]]) и [[Индија|индиската]] составна држава [[Западен Бенгал]], иако некои региони од претходното кралство Бенгал сега се дел од соседните индиски држави [[Бихар]], [[Трипура]] и [[Ориса]]. Поголем дел од Бенгал е населен со [[Бенгалци]] кои го зборуваат бенгалскиот јазик.
 
Регионот Бенгал е еден од најгусто населените региони на Земјата, со густина на популацијата од 900/km². Поголем дел од бенгалскиот регион лежи во делтата на [[Ганг]] и [[Брамапутра]] ([[Гангова делта]]), најголемата [[речна делта]] во светот. Во јужниот дел на делтата лежи [[Сундарбанс]] - најголемата [[Мангрово дрво|мангрова]] шума во светот и дом на познатиот [[бенгалски тигар]]. Иако поголем дел од населението е рурално и се занимава со земјоделство, постојат два мегаградови - [[Калкута]] и [[Дака]]. Бенгал е познат по социокултурното подигнување на индиското општество, во форма на [[Бенгалска ренесанса]] и [[Револуционерно Движење за Индиска Независност]] за време на [[Движење за Индиска Независност|Движењето за Индиската Независност]].
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бенгал