Геотермална енергија: Разлика помеѓу преработките

с
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Во научната и стручната литература се посветува големо внимание на геотермалната енергија, односно изучувањето на [[природа]]та и генезата на геотермалната енергија.
 
[[Земја]]та претставува огромен топлински "мотор" кој милиони години произведува огромни количества на топлинска енергија. Најголем дел на таа топлинска енергија се наоѓа на длабочината, така што мал дел се манифестира на површината по пат на [[гејзери]], [[фумароли]] и термални извори (Сл.1), односно по пат на вулканска ерупција кога од внатрешноста на земјата се излеваат огромни количини на лава чија температура изнесува повеќе од {{темп|800 <sup>0</sup>С}}. Ова под влијание на сончевото зрачење не се забележува.
 
Земјата дава во секој момент на својата површина одредена количина на енергија (околу 0,06 W/m<sup>2</sup>), така што зрачи околу 8∙1020 Ј/год., односно околу 20∙109 tтони нафта, или двапати повеќе од годишната потрошувачка на енергија во светот. Имајќи го предвид огромниот потенцијал на геотермалната енергија, логично е таа да се третира како обновлива, без разлика што таа по својот карактер е необновлива, бидејќи земјата неповратно се лади.
 
Геотермалните енергетски технологии ја користат топлината на земјата за директна употреба, геотермални пумпи и производство на [[електрична енергија]]. Истражувањето на развојот на геотермалните технологии оди во правец на намалување на трошоците и зголемување на нивната употреба. Изворите на геотермална енергија се движат од плитката земја и врелите извори на вода како и врели карпи пронајдени на неколку километри под земјината кора, се до подлабоките слоеви на Земјата во услови на екстремно високи температури и стопени карпи наречени магма.