Бенџамин Бритен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Benjamin Britten, London Records 1968 publicity photo for Wikipedia.jpg|мини|десно|Бенџамин Бритен во 1960-тите]]
'''Едвард Бенџамин Бритен, Барон Бритен''' ({{lang-en|Edward Benjamin Britten, Baron Britten}}; [[22 ноември]] [[1913]] – [[4 декември]] [[1976]]) — англиски [[композитор]], [[диригент]] и [[пијанист]]. Бил значаен деец во британската музика на XX век. Напишал музика во многу жанрови, од музика за филм до опера. Меѓу неговите најпознати дела се издвојуваат „Питер Грајмс“ (''Peter Grimes'', 1945) „Воен реквием“ (''War Requiem'', 1962) и „Водич низ оркестарот за младите“ (''The Young Person's Guide to the Orchestra'', 1945).
 
Роден во [[Лоустофт]], [[Сафолк]] како син на стоматолог, Бритен покажува исклучителна надареност уште од неговата рана возраст. Неговото прво јавно изложување е со хорското акапелно дело „Се роди машко дете“ (''A Boy Was Born'') од 1934 година. Со премиерата на „Питер Грајмс“ во 1945, се стекнува со меѓународно признание и слава . Во наредните девет години, пишува шест [[опера|опери]], станувајќи еден од водечките композитори на опери на XX век.
 
Бритен се интересира за најразлични форми, создавајќи важни оркестарски, хорски, гласовни (повеќето од нив напишани за неговиот животен партнер, тенорот [[Питер Пирс]]), камерни и инструментални, како и музика за филм. Тој покажува огромен интерес во компонирањето на музика за деца и аматерски изведувачи и бил истакнат пијанист и диригент.