ФК Брегалница Штип: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Wim b (разговор | придонеси)
Reverted 3 edits by 62.220.208.49 (talk): Copyvio from: http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1825&stID=39555&pR=11. (TW)
Ред 6:
 
== Историја ==
ФК Брегалница е оформена 1921 година, и преставува гордост на сите штипјани. Своите натпревари ги игра на Градски стадион Штип, кој има капацитет од 6000 гледачи. Во својата историја Брегланица има настапувано и во 2 Југословенска лига, а со независноста на Македонија, Брегалница станува член на 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), но иста сезона 1992/93 таа испаќа од лигата. По неколку сезони минати во второлигашка конкуренција, клубот повторно се враќа во 1 МФЛ, во сезона 1996/97 и сезона 1997/98, во која по 13 кола, се откажува од лигата. После ова доаѓа еден црн период за клубот, кој во сезона 1999/00 испаѓа од 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига), и неколку сезони игра во 3 МФЛ - источен регион. Но сепак клубот и ова го пребродува и успева да се врати во 1 МФЛ. Моментално ФК Брегалница игра во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига).
Брегалница од Штип е еден од најстарите клубови во Македонија, формиран во далечната 1921 година. Покрај Вардар, Тетекс, Победа, Куманово, МИК, Пелистер, тиквеш, Беласица, Балкан и скопски Металург има играно од 1964 па се до 1990 година, со мали прекини во Втората лига на Југославија. Речиси и нема вид на натпревари во Македонија во кој нема настапувано Брегалница почнувајќи од Штипски потсојуз, Четврта зона, Втора лига на Македонија, едно време играше и во Т ретата лига - исток, во Првата лига каде и денес настапува. Првиот официјален натпревар Брегалница по своето формирање 1921 година го има одиграно против Тимот Југовиќ забележувајќи победа од 2:1. Во Штип во изминатите години на кормилото на Брегалница биле познати тренери почнувајќи од Владимир Беара, Петар Пуриќ, Љубиша Арсеновиќ, Кирил Дојчиновски, Кочо Димитровски, Мирко Наџаков, потоа и нејзините поранешни фудбалери Стојан Арсов, Драган Христовски, Никола Хаџиев, Гордан Здравков... За првпат Брегалница стана член на Првата лига на Македонија во сезоната 1950/51 кога го освои петтото место во конкуренција на 12 клубови. Брегалница со успех играше повеќе години во Втората лига на Југославија. за првпат во сезонагта 1963/64 година по одиграните две квалификациони средби со Титоград. Во Штип беше 1:0 за Брегалница, во Подгорица 1:0 за титоград така што мораше да се изведуваат пенали. Јунак на тој меч беше голманот на Брегалница Ефремов кој одбрани три удари од белата точка и штипјаните станаа членови на Втората лига.
Тимот на Брегалница од 1964 година кога играше во Втората лига на поранешна Југославија.
 
1. Петар Пуриќ, еден од најуспешните тренери на Брегалница. Во Штип дојде во 1958 година и се до својата смрт остана во градот под Исарот.
2.Никола Хаџиев, капитен на екипата, еден од најдобрите играчи. Подоцна од 1979 па се до 1988 година тренер на тимот.
3. Симеон Ефремов, меѓу најдобрите голмани кој бил на голот на Брегалница. Покрај за Брегалница долги години има брането за Бор, за ОФК Београд и во Грција. Денес е тренер. Работел и во Тунис.
4. Кире Иванов, десен бек. Во својата кариера играл само за Брегалница.
5. Коце Манушев - Руфе, лев бек, почна и кариерата ја заврши во Брегалница.
6. Стојан Арсов, едно од најпознатите фудбалски имиња во Брегалница. Центархалф, столб на одбраната. Играше и за прилепска Победа. Беше и тренер на Брегалница, едно време и член на Стручниот штаб на Силекс од Кратово. Беше избран меѓу единаесетмината фудбалери на векот на Брегалница. Има напишано автобиографска книга "Џали°.
7. Мирко Ципушев, покрај за Брегалница настапувал и за Плачковица.
8. Ѓорѓи Желев, еден од фудбалерите кој целиот свој фудбалски век го има минато носејќи го дресот на Брегалница.
9. Благој Ашиков, во Брегалница дојде од Беласица. Голгетер, еден од најдобрите напаѓачи. Починат е.
10. Јордан Ражанков по завршувањето на кариерата како фудбалер во Брегалница беше тренер на Рудар, Слога од Виница, Силекс...
11. Гордош Иштван љубителите на фудбалот го паметат во неговите решавачки голови. Од Штип замина за Сомбор, каде остана да живее.
12. Војче Спасовски, легенда за охридскиот фудбал, кој едно време го носеше дресот на Брегалница. Лево крило, извонреден играч, вистински голгетер. По завршувањето на кариерата се посвети на тренерскиот позив во својот Охрид.
 
== Навивачи ==
Верната навивачка група на штипска Брегалница го носи името Фаланга. Нивната верност се покажа за време кога играа во 3 МФЛ - Источен регион, кога на трибините на Градскиот стадион во Штип, се собираа и по 2000 гледачи. Најголеми ривали на Фаланга, се навивачката група Сејмени, кои го бодрат [[ФК Осогово (Кочани)|ФК Осогово]] од [[Кочани]].Лидер на навивачката група е Стојанче Коциќ т.н. Цоцо со помошник Сердал Алиов кои успешно си ја вршат задачата и одлично помагаат на екипата како дванаести играч .
Н.К Фаланга Штип е формирана во Октомври 1989 година . Почетоците датираат од 1987 година кога првпат во Штип се појавува организирано навивачка група која го носи името Бед Блу Спајдерс . Така е се до 1989 година кога се менува името во Македонска Фаланга , а подоцна по осамостујувањето на Република Македонија во Фаланга Штип . Навивачкиот клуб Фаланга Штип официјано е регистриран на 24 Октомври 1992 година , па така во 2004 година на натпреварот против Силекс токму на 24.10 беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Фаланга Штип. Дека Фаланга Штип е вистинска навивачка група се покажува токму во сезоните во кои Брегалница играше во третата лига а Фаланга како и секогаш беше на трибините и вистински ја бодреше Брегалница
 
== Надворешни врски ==