Моргана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
 
Во [[легендите за Карло Велики]], таа најмногу е позната по нејзиното пријателство со Огиер Данецот, што го носи до нејзината палата на мистичниот остров за да ѝ биде љубовник. Во ''[[chanson de geste]]'' (народни песни за хероите) од Хуон де Бордо, Морган е мајка на кралот Оберон зачнат од никој друг туку [[Јулиј Цезар]].
==Во подоцнежната научна- фантастика==
Стереотипната слика за Морган често е онаа во којашто таа се прикажува како лоша: обично заводлива, мегаломанска маѓепсничка која сака да го порази Артур. Современите толкувања за митот за Артур понекогаш на Морган ѝ ја доделуваат улогата на жена што го заведува Артур и го раѓа злобниот Мордред, иако најчесто [[Моргоз]] е прикажана како негова мајка, сестрата на Морган. Во овие дела Мордред често е нејзин пион, што таа го користи за да го заврши животот на кралот Артур. Примери за модерни дела за Артур кои ја имаат Морган во улога на главен непријател вклучуваат ликови во двете ДС Комикс (Моргана ле Феј) и Марвел Комикс (Морган ле Феј) како и во филмовите (''Јенки од Конектикат во дворецот на Артур, Екскалибур, Мерлин: Враќањето, Принцот Валиант, Ученикот на маѓепсникот''), новелите (''Артур Рекс, Греј Грифинс, Гвиневир, Кралицата на Летната земја, Животот на витезот, Витезот на светото езеро, Кругот на Пендрагон, Принцот и Пилгримот, Кралицата на летните ѕвезди''), театарски дела (''Јенки од Конектикат, Екскалибур, Гвејн''), телевизиски серии (''Бојно поле, Камелот, Даркстолкерс, Гвиневир Џоунс, Кралот Артур и витезите за правда, Мерлин, Принцезата Гвиневир и Јавачите на бисери'') и видео-игри (''Потрагата на Артур, Хрониките на мечот, Мрачно доба на Камелот, Ерик Неспремниот, Духот на Екскалибур, Стронгхолд легенди, Волшебник101'').
 
Ред 37:
[[File:The Fata Morgana, As Observed In The Harbour Of Messina.png|thumb|''Фата Моргана, забележана на пристаништето Месина'' (1884 год.)]]
 
Морган ле Феј или ''Фата Моргана'' на [[италијански]], била поврзувана со [[Сицилија]] откако Норманите ја освоиле јужна Италија. Како такво, таа го додала своето име на формата за илузија која била честа за бреговите на Сициија , Фата Моргана. Во средновековната романса ''Флоријант и Флорет'' се кажува дека домот на Моргана бил на планината Монтегибел на Сицилија, а подоцнежниот италијански фолклор ја опишува Моргана како живее на [[планината [[Етна]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана