Крсте Петков Мисирков: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tropcho (разговор | придонеси)
Одбиена последната промена во текстот (од Tropcho) и вратена ревизијата 3127105 на Zdravko
Ред 61:
=== Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции во Србија ===
[[Податотека:Novakovik pismo.jpg|150px|right|thumb|Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да пишуваат на македонски јазик.]]
Крсте Мисирков во [[Битола]] работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и [[Илинденското востание]], во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред се публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов ''[[За македонцките работи]]'', како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во [[Софија]]. Во тоа време доаѓа периодот кога [[Бугарија]] и [[Србија]] се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во [[Македонија]]{{се бара извор}}. Мисирков и се придружил на театарската група на [[Војдан Чернодрински]], која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „[[Македонска крвава свадба]]“ во неколку градови во Србија. Во [[Белград]] Мисирков одржал предавање за ''македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување''. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на ''Велика Школа''. Меѓутоа, забележана е реакција на [[Андра Гавриловиќ]], кој во списанието ''Бранково коло'', а под наслов ''Пред четвртата јужнословенска литература'', пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е ''проба на една нова култура'', ''почетоци на една нова јужнословенска литература''. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.<ref name="Георги" />
 
===Понатамошни активности и смртта ===