Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 79:
== Фамилијата и Никола ==
 
Значајно е дека изјавите на фамилијата за него се во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така за време на судскиот процес, мајка му Елена напишала молба до царот [[Борис ІІІ]] „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар Бугарин“ (15 јули 1942 година). Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина.“<ref>ЦВА, ф. 15, оп.ІІ, а.е.112, л.297</ref> Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна ќе оди дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“ <ref>ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.491-492</ref> Неколку години подоцна, за време на културната автономија во Пиринска Македонија, при средба со македонски писатели Елена Вапцарова ќе изјави „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот” Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“ <ref>Весник „[[Нова Македонија]]“ 7 мај 1948 година</ref> Дваесет години подоцна, кога политиката на Бугарија кон македонското прашање е целосно сменета, Елена Вапцарова во откриено писно ќе протестира против преводот на македонски јазик на неговите стихови :<ref>[http://focus-news.net/?id=n1301207 Елена Вапцарова вo писмо от 1968 г.: Родината на Вапцаров е Булгарија (архивна статија, изпратена од читател)] Информациона агенција "Фокус", 20 ноември 2009</ref>
 
{{cquote|''Сакам да го споделам со читателите на весникот моето искрена огорченост од некои писатели-журналисти на Скопје. Одамна се вознемирувам, но во името на добрососедските односи молчев.''
 
''Пред повеќе години во Варшава се прегрнавме со мајката на Зоја и Шура Космодемјанскаја и си дадовме ветување, дека ќе бидеме во првите редици на борбата за мир, за да нема други како нас, и затоа молчев, а сега ќе извикам цел свет да ме чуе: Родината на Вапцаров е Бугарија, во која тој работи и умре.''
 
''Кога излезе тоа глупавото известие, дека ги превеле стиховите на Вапцаров на неговиот мајчин јазик, бев во чудење. Дали има во историјата таков поет, кој пишувал свои стихови на туѓ јазик и потоа туѓите луѓе да му ги преведуваат на неговиот мајчин јазик!''
 
''Тоа го пишувам јас, мајката на поетот, со својата немоќна рака.''
 
''Елена Вапцарова''}}
 
Братот на Никола, Борис, градил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следил политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.<ref>http://www.nbu.bg/webs/historyproject/dokumenti_44-62/razdel1t1/f1op5ae134.pdf</ref> Неговите деца Маја<ref>http://liternet.bg/publish/ctrifonova/otgovor.htm</ref> и Никола на ист начин го продолжуваат искачувањето кон тоталитарната елита. Падот на нивната злоупотреба со името на Никола Вапцаров за корисни цели ќе заврши со уништување на неговиот гроб во повеќемесечен скандал.<ref>http://www.btv.bg/news/news_details.pcgi?cont_id=135833</ref>