Ел Греко: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
 
=== Крит ===
Доменикос Теотокопулос е роден во [[1541]] година во Кандија (денешен Ираклион) на [[Крит]], кој во тоа време припаѓал на [[Венецијанската Република]]. Има многу малку податоци за неговото детство и првите чекори во сликарството, но се верува дека учел да слика во местото каде што е роден. Исто така се верува дека првите дела му биле насликани во византиски стил, кој бил вообичаен за [[Крит]] во тоа време, иако нема докази за тоа. Во неговите подоцнежни дела се среќаваат трагови на тој стил.
 
=== Венеција и Рим ===
Ел Греко никогаш не го заборавил своето грчко потекло и обично се потпишувал на своите дела со грчката алфабета и целосното име, Δομίνικος Θεοτοκόπουλος. Сепак, попознат е како Ел Греко (што значи [[Грци |„Грк“]]), прекар кој го добил додека живеел во [[Италија]], каде постоел обичај да му се дава прекари на странците по земјата каде што живееле или пак по градот. За членот „Ел“ во неговиот прекар некои истражувачи тврдат дека потекнува од еден венецијански [[дијалект]], а постои и можност дека му е додаден подоцна во [[Шпанија]].
 
Бидејќи [[Крит]], неговата родна земја била под [[Венецијанска република|Венецијанска власт]] и Ел Греко бил венецијански граѓанин, одлучил да се пресели во [[Венеција]] за да се доусоврши. Точниот датум на неговото заминување не е познат но историчарите претпоставуваат дека е измеѓу [[1560 година|1560]], кога имал 19 години и [[1566]] година]]. Во [[Венеција]], Ел Греко работел во [[Тицијан|Тицијановата работилница]], кој бил најголемиот сликар на таа [[ера]]. Информациите за неговиот престој во [[Италија]] се многу скудни. Во писмо со датум [[16 ноември]] [[1570 година]] година, напишано од [[Џулијо Кловијо]], [[минијатурист]] и декоратер кој служел кај кардиналот Алесандро Фарнезе, бара престој во палатата Фарнезе за како што вели „младич од Кандија, Тицијанов ученик“. На 8 јули [[1572 година]] година се спомнува „грчки сликар“ во писмото на Фарнезе од [[Рим]] кое го пратил на некој [[кардинал]]. Набрзо после тоа на [[18 септември]] [[1572 година]] година, „Доминико Греко“ платил во здружението св. Лука во [[Рим]]. Колку време престојувал во [[Рим]] не е познато, бидејќи се вратил во [[Венеција]] при крајот на [[1575 година1577]] година или во почетокот на [[1576 година]] година пред неговото заминување во [[Шпанија]].
 
Некои од делата кои ги насликал Ел Греко во [[Италија]] се потполно во венецијанскиот ренесансен стил на [[16 век]]. На нив не се видливи влијанијата на неговиот впечатлив византиски стил, освен на лицата на старите луѓе во неговите слики како на пример сликата „Христос лечи еден слепец“. Положбата на фигурите во просторот и акцентот на елементите на [[архитектура|архитектурата]] на високоренесансниот стил особено се значајни во неговите рани дела. Првите знаци на неговиот исклучителен талент како портретист се забележуваат во [[Италија]] во портретите на [[Џулио Кловио]] и [[Винченцо Анастаџи]].
Ред 44:
Во [[Венеција]] бил под влијание на големите италијански ренесансни сликари, [[Тицијан]] и [[Јакопо Робусти Тинторето|Тинторето]]. Неговите дела од тој период како што е „Исцелување на слепи“. (1566-1567, Gemäldegalerie, [[Дрезден]]), покажуваат дека многу брзо го асимилирал Тицијановиот колорит, како и композицијата на фигурите и користењето на некои специфични работи кои ги карактеризираат делата на [[Јакопо Робусти Тинторето|Тинторето]].
 
За време на својот престој во [[Рим]], од [[1570 година|1570]] до [[1576]] година]], Ел Греко продолжил да се надоградува и да бара инспирација во делата на италијанските уметници. Влијанијата на [[Микеланџело Буонароти|Микеланџело]] се очигледни во неговата скулптура „Петел“ (1567-1577 година). Благовештение од италијанската ера“ (1567-1577 во музејот [[Прадо]], [[Мадрид]]), најверојатно ја насликал во [[Рим]], но се забележуваат и трагови од венецијанското сликарство, во колоритот и во изгледот на просторот. Студиите на римската архитектура го зајакнуваат билансот на неговите композиции, кои често се во стилот на ренесансните згради.
 
== Средна етапа ==
Ел Греко прв пат се појавува во [[Шпанија]] во пролетта [[1577 година]] година, прво во [[Мадрид]], а потоа и во [[Толедо]]. Една од главните причини за неговата преселба во [[Шпанија]] најверојатно е сознанието за изградбата на манстирот Сан Лоренцо дел Ескоријал, голем проект на шпанскиот крал [[Филип II (Шпанија)|Филип II]], оддалечен околу 42 -{km}- северозападно од [[Мадрид]]. Освен тоа, најверојатно е дека во [[Рим]] запознал некои шпански свештеници, преку Флувиј Орсиниј, [[хуманизам|хуманист]] од [[Толедо]] кој во [[Рим]] работел на реформите на [[грегоријанскиот календар]] и бил [[библиотека|библиотекар]] во палатата Фарнезе. Познато е дека најмалку еден шпански свештеник кој бил некое време во [[Рим]] во тој период, Луис од Кастиља, станал многу близок пријател со Ел Греко и се претпоставува дека бил и еден од извршителите на неговиот [[тестамент]]. Братот на Луис, Диего од Кастиља бил прв во [[Шпанија]] кој на Ел Греко му порачал слика, најверојатно ветена пред да ја напушти [[Италија]]. Двајцата биле во тесна врска со катедралата во [[Толедо]] и можно е тие да го убедиле да отпатува во [[Шпанија]].
Крајот на [[1576 година]] година Ел Греко ја напушта [[Италија]] и после една кратка пауза во [[Малта]], пристигнува во [[Толедо]],пролетта [[1577 година]] година.
 
Имал желба да работи на [[фреска|фреските]] за новиот [[манастир]] кој се градел во Сан Лоренцо од Ескоријал, дела кои беа завршени во [[1582 година]] година. За да добие работа со нивната изработка, тој испратил неколку од неговите слики на кралот [[Филип II(Шпанија)|Филип II]], но не успеал да го убеди кралот за да му ги довери. Во една од сликите кои ги испратил „Алегорија на Светата Лига“, очигледна е неговата способност за комбинирање комплексни [[политика|политички]] [[иконографија|иконографии]] со [[средновековна уметност|средновековни мотиви]].
За Ескоријал единствено ја насликал сликата „Сан Маурицио и тебанска легија“ која и денес се наоѓа таму.
 
Ред 60:
=== Хронолошка галерија на делата ===
<gallery>
Слика:El Greco 11.jpg|<center>Благовештение, околу [[1578 година]] година. Масло на платно, 26 × 19 -{cm}-, [[Прадо]], [[Мадрид]].<center>
Слика:Sagrada Familia con santa Ana Tavera.jpg|<center>Светo Семејство, околу [[1590 година]] година. Масло на платно, 127 x 102 -{cm}-, Болница де Тавера.<center>
Слика:Greco Bautismo de Cristo 1597.jpg|<center>Прекршување на Христос, околу [[1597 година]] година. Масло на платно, 26 × 19 -{cm}-, [[Прадо]], [[Мадрид]].<center>
Слика:El Greco 016.jpg|<center>Христос ги исфрла трговците од храмот, околу [[1600 година]] година. Масло на палтно, 350 x 144 -{cm}-, [[Национална галерија(Лондон)|Национална галерија]], [[Лондон]].<center>
Слика:El Greco View of Toledo.jpg|<center>Толедо во олуја, околу [[1600 година]] година. [[Прадо]], [[Мадрид]].<center>
Слика:El Greco 034.jpg|<center>Свети Јован евангелист, околу [[1600 година]] година. Масло на платно, 102 × 177 -{cm}-, [[Прадо]], [[Мадрид]].<center>
Слика:AdoracionPastoresElGreco2.jpg|<center>Восхитување на овчарите, околу [[1600 година]] година. Масло на платно, 319 × 180 -{cm}-, [[Прадо]], [[Мадрид]].<center>
Слика:El Greco 049.jpg|<center>''Дон Фернандо Нињо де Гевара, околу [[1601 година]] година. Масло на платно, 171 × 108 -{cm}-, [[Метрополитен (музеј)|Метрополитен]], [[Њујорк]].<center>
Слика:El Greco 019.jpg|<center>Молитва на маслиновата гора'', [[1605 година]] година. Масло на платно, 103 × 132 -{cm}-, [[Национална галерија(Лондон)|Национална галерија]], [[Лондон]].<center>
Слика:2205grec.jpg|<center>На отворањето на петтиот печат (Апокалипса), околу [[1608 година]] година. Масло на платно, [[Метрополитен (музеј)|Метрополитен]], [[Њујорк]].<center>
Слика:El Greco 042.jpg|<center>Лаокон, околу [[1610 година]] година. Масло на платно, 142 × 193 -{cm}-, [[Национална галерија(Вашингтон)|Национална галерија]], [[Вашингтон]].<center>
Слика:El Greco Christ on the Cross.jpg|<center>Распетие, Масло на платно, 95.5 x 61 -{cm}-, музеј Гети, [[Лос Анџелес]].<center>
</gallery>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ел_Греко