Резус-фактор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Резус фактор на Резус-фактор презапишувајќи врз пренасочување
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
Секој од четирите крвни типови додатно се класифицира според присуството на друг белковина на површината на еритроцитите кој укажува на Rh-факторот. Повеќето луѓе (околу 85%) се Rh позитивни. Меѓутоа, доколку жена која е Rh негативна и маж кој е Rh позитивен добијат бебе, постои опасност тоа бебе да има здравствени проблеми. Бебето кое расте во Rh негативната мајка може да има Rh позитивна крв наследена од таткото. Приближно половина од децата родени од Rh негативна мајка и Rh позитивен татко ќе бидат Rh позитивни.
 
Нескладноста во Rh обично не претставува проблем доколку мајката е за прв пат бремена, бидејќи, освен ако постои некое нарушување, крвта на [[фетус]]от во нормални услови не влегува во мајчиниот [[циркулаторен системкрвоток]] во текот на бременоста.
 
Но, за време на породувањето, крвта на мајката и бебето можат да се измешаат. Доколку ова се случи, телото на мајката го препознава Rh-белковината како туѓа супстанца и може да започне да произведува антитела против Rh-белковините вметнати во нејзината крв.