Микелоцо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с кат
Andreina (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Биографија==
Роден е во [[Фиренца]] како син на [[кројач]], и во младоста вилбил ученик на [[Донатело]].
 
Работел во [[мермер]], [[бронза]] и [[сребро]]. Негово дело е статуата на младиот [[Св. Јован Крстител|Св. Јован]] над вратата на црквата [[Санта Марија дел Фјоре]] („Дуомо“-то) во Фиренца, отод спротива на [[Крстилница (Фиренца)|Крстилницата]]; исто така направил и прекрасна сребрена статуетка на [[Јован Крстител]] на предниот олтар во црквата Сан Џовани. Голем пријател и патрон на Микелоци бил [[Козимо Медичи]], кого го придружувал во [[Венеција]] во [[1433]] за време на неговото кратко прогонство. ДодекалДодека бил во Венеција, Микелоцо ја изградил библиотеката во [[Сан Џорџо Маџоре]], а таму проектирал и други згради.
 
InВо [[1428]], заедно со Донатело, Микелоцо подигнал [[проповедница]] на отворено, на аголот на катедралата [[Пратска катедрала|Св. Стефан]] во [[Прато]]. Величенствениот дворец [[Палацо Медичи]] во Фиренца, изграден за Козимо, е исто така негово дело; ова е еден од најблагородните примери на италијанската архитектура од [[15 век|XV век]], во кој одличниот вкус и способност на архитектот ги искомбинирале деликатната леснотија на италијанската [[Готска архитектура|готика]] со масивната достоинственост на класичниот стил. Со своите големи инженерски вештини, Микелоцо ја поправил и делумно реизградил палатата [[Палацо Векио]], која тогаш била пропадната, и додал многу важни соби и скалишта. Кога во [[1437]], благодарение на Козимовата либералност, манастирот Св. Марко во Фиренца бил предаден на [[Доминиканци]]те од [[Фиесоле]], Микелозо имал за задача да го реизгради домашниот дел и да ја ремоделира црквата.
 
Микелоцо конструирајконструирал бројни други згради за Козимо, највеќето од кои се важни зданија. Меѓу овие била гостилницата во [[Ерусалим]] за фиренските аџии, Козимовата летна [[Вила Медичи, Кареџи|вила кај Кареџи]] и силно утврдениот замок [[Кафаџоло (дворец)|Кафаџоло]] во [[Муџело]]. За [[Џовани ди Косимо Медичи|Џовани Медичи]], Козимовиот син, Микелоцо изградил многу голема и величенствена палата во [[Фиесоле]]. И покрај изјавата на [[Џорџо Вазари|Вазари]] дека тој умрел на 68-годишна возраст, по сѐ изгледа дека Микелоцо живеел до [[1472]] год. Погребан е во манастирот Св. Марко, Фиренца.
 
==Надворешни врски==