Планински гулаб: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 21:13, 21 јули 2013

Планински гулаб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гулабовидни
Семејство: Гулаби
Род: Columba
Вид: Планински гулаб
Научен назив
Columba oenas
Linnaeus, 1758
Columba oenas јајце

Планинскиот гулаб или гулабот дупкар (науч. Columba oenas) е вид птица од фамилијата на гулабите[2] кој го има во Македонија.

Опис

Родот Columba е најголем во фамилијата на гулабите и има најширока распространетост. Овие птици се типично светло сиви или кафеави, често со бели ознаки на главата или вратот или сјајни зелени или виолетови дамки на вратот и градите. Пердувите на вратот може да се поврзани и да формираат ѓердан, но тоа кај овие гулаби го нема. Овој гулаб е помалку сив во перјето од останатите гулаби во Европа.

Неколку западноевропски Columba гулаби изгледаат слично, но имаат многу свои карактеристики по кои се разликуваат. Гулабот гривнаш се разликува по белото на вратот (кај возрасните) и крилјата. Дивиот гулаб и планинскиот гулаб се многу послични во големината и перјето, но првиот има бела задница и две силно изразени темни ленти на крилјата, додека задницата кај планинскиот е сива, а лентите на крилјата се нецелосни. Планинскиот гулаб е дружељубив и формира јата, често заедно со гулабот гривнаш, особено кога изворите на храна се сомнителни и се во потрага заеднички.

Краткото, длабоко „гровтање“ ууу-уу-ху е сосема различно од гукањето на гулабот гривнаш, и доволно е гласно за да може да се опише како малку застрашувачко грготење.

Живеалиште и однесување

Планинскиот гулаб е најредок од дивите европски гулаби. Во делови од распространетоста низ Европа и западна Азија тој е птица преселница. Во Франција, 1976 година имаше остар пад на популацијата од -57%. Иако видот не се смета за загрозен во Европа, тој е класифициран во нивото 2 во Законот за птици и Анекс III на Бернската конвенција.[3] Гнездото обично го прави во дупка на старо дрво. Порано, планинскиот гулаб беше најчест, гнездејќи во дабови или борови шуми, кои мораа да бидат стари за да има дупки во нив. Во новите насади нема многу дупки во дрвјата, па тој е поредок. Во случај, гулабот да има две легла, нему му се потребни две дупки. Забележано е дека може да употреби зајачки дупки, рушевини, дупки во карпи и сл., а може да употреби и куќичка за птици направена од луѓето. Дупката мора да биде околу 75 см длабока и да има големина колку тупаница. По употребата на гнездото, гулабите ја оставаат дупката многу валкана. Инаку, тие претпочитаат да гнездат заедно, а и вон сезона на парење живеат во групи.

Живеалиштето на планинскиот гулаб е обично отворената земја. Дури и кога гнездат во дрвја, тие не сакаат многу шумовити предели. Често се среќаваат и на крајбрежјата со гребени во кои има дупки. Летот им е брз, изведуван од вообичаени замави со крилјата, со повремени остри плеснувања, карактеристични за гулабите. Убаво стои на повисоки гранки, кабли и сл., а кога се додворува, оди хоризонтално по гранките, држејќи го вратот исправен, крилјата малку спуштени, а опашката раширена. Претежено се храни со растенија, млади ’ркулци и садници, но и инсекти и полжави. Во некои области главно се храни со желади и борови семиња. Јадат разновидни бобинки, шумски плодови, бобинки од глог, смокви, житни зрна, грав, грашок, и мали без’рбетници кои ги подигаат додека одат по земјата.

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Columba oenas. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Gibbs, David. Pigeons and Doves: A Guide to the Pigeons and Doves of the World. United Kingdom: Pica Press. стр. 624. ISBN 1-873403-60-7. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  3. État de santé des populations d'oiseaux nicheurs en France de 1989 a 2001. (état zéro du programme STOC).

Надворешни врски