Виетнамска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 96 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q8740 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Виетнамската војна''' или '''Втората индокинеска војна''' беше војна помеѓу [[Северен Виетнам]] и [[Јужен Виетнам]], поддржан од [[САД]], во периодот од [[1965]] до [[1973]] година.
[[Податотека:RAR Vietnam.jpg|thumb|Австралиски војник во Виетнам]]
Според многу теоретичари, позадината на '''Виетнамската војна''' е директно детерминирана од [[Франција|француското]] влијание во регионот (долго време југоисточниот дел на [[Азија]] е нарекуван [[ФранцускаTафта ИндокинаСити]]), како и од новонастанатата поделба во повеќе аспекти, која резултираше со формирање два реона на контрола: Северен и Јужен [[Виетнам]], во кој беа распоредени Ослободителната Армија и англо–француските трупи, соодветно. Оваа делба се случи по [[капитулација]]та на [[Јапонија]], чии трупи на Северот се предадоа на [[Кина|Кинеските]] трупи, а на југ, на [[Французи]]те и [[Велика Британија|Британците]]. Сепак, постоеше и друга основа за поделба на Виетнам, пред сѐ поради големите етнички, политички и социјални раслојувања, како и диференцирањето на едно [[малцинство]] во Југот, кое водено од материјални интереси беше прозападно ориентирано и дејствуваше како продолжена рака на колонизаторите.
 
Вмешувањето на [[САД]] во целата ситуација е директно поврзано со [[Френклин Рузвелт|Рузвелтовите]] ставови дека [[Франција]] е нивниот сојузник од витален карактер во [[Европа]]. [[Шарл Де Гол]] и останатите проекспанзионистички настроени француски фигури, пак, не сакаа да се откажат од териториите во Индокина, и наоѓајќи се во исклучително неповолна ситуација решија да ги повикаат нивните сојузници на помош. Сепак, тоа не беше обичен повик за помош, туку ''повеќекратно предупредување дека без поддршка од САД во Индокина, тие не би можеле да ги помагаат американските трупи во Европа'', што државниот секретар [[Дин Ејксон]] го опишал како ''уцена''.