Разлика помеѓу преработките на „Конфучијанство“

Нема измена во големината ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
{{Таоизам}}
[[Податотека:WuweiTemple.jpg|мини|200px|Конфучијански храм во [[ВувеиВувеј]], [[Народна Република Кина]].]]
'''Конфучијанството''' ([[кинеско писмо]]: 儒学 ''училиште на научници'') е [[религија]] што ја основал кинескиот философ [[Конфучиј]] ([[551]] - [[479]] п.н.е.) во кинеската покраина Шангтунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Земји и култури кои се под силно влијание на конфучијанството се [[Народна Република Кина|Кина]], [[Јапонија]], [[Кореја]], [[Тајван]], [[Сингапур]] и [[Виетнам]].
 
Првиот вистински конфучијански систем е создаден од неговите ученици или од учениците на неговите ученици. Во текот на плодниот период на философијата во Кина, конфучијанството го развиле во етичка и политичка доктрина личности како [[Менг-це]] и [[Сјин Це]] (да не се меша со [[Сун Це]]). Менг-це го збогатил ова учење со тврдењето дека природата на човекот во својата суштина е добра, за разлика од Сјин Це, кој го тврдел спротивното дека човечката природа е лоша и затоа е потребно да бидат учени и изложени на ритуали.
 
Некои од учениците на Сјин Це, како [[Хан ФеиФеј]] и [[Ли Сји]] станале легалисти (еден вид ран [[тоталитаризам]], сосема различен од учењето на конфучијанството).
 
Конфучијанството онакво какво што опстојало до 19 и 20 век, главно доаѓа од школите на [[неоконфучијанство]]то, предводено од [[Чу Сји]]. Неоконфучијанството ги комбинира идеите на [[таоизам|таоизмот]] и [[будизам|будизмот]] со постоечките конфучијански идеи, и со тоа се претвора во покомплетен систем на [[метафизика]]та. Во исто време, многу форми на конфучијанството историски се декларирале како спротивни на системот на верувања на будизмот и таоизмот.
== Управување ==
{{cquote|Никогаш не им го прави на другите она што не би сакал тие да ти го направат тебе.}}
Едно од клучните концепти на конфучијанството е: за да владееш со другите, прво треба да владееш со себеси. Ова натаму е развиено во првата од [[Четири книги|Четирите книги]] „Големото учење“, и тесно е поврзано со [[таоизам|таоистичкиот]] концепт на [[ву веивеј]]: „Колку помалку кралот се труди, толку повеќе е сторено.“
 
Оваа идеја можеме да ја најдеме во [[шаманизам|шаманистичките]] верувања, како на пример дека кралот е оска меѓу небото, луѓето и Земјата.