Истокот е црвен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''„Истокот е црвен“''' ([[кин.]] 东方红, [[пинјин]]: ''Dōngfāng hóng'', [[ВП:ТК|мактр.]] „Дунгфанг хунг“) е [[комунизам|комунистичка]] [[песна]], ''[[де факто]]'' [[химна]] на [[Народна Република Кина]] за време на [[Кутурна револуција|Културната револуција]] во 1960-тите години. Зборовите на песната му се припишуваат на извесен Ли Јоујуен, земјоделец од северот на провинцијата [[Шенсји]], кој ја презел мелодијата од некоја локална народна песна. Тој наводно се инспирирал гледајќи го изгрејсонцето во утрината на еден сончев ден.
 
Песната се пуштала по [[разглас]] во секој град и село во мугри и на зајдисонце. Програмата почнувала со „Истокот е црвен“, а завршувала со [[Интернационала]]та. Секој ден учениците морале да ја пејат песната во хор на првиот час, пред да почне наставата. Во овој период [[ТиенТјен Хан]], авторот на официјалната химна „[[Марш на доброволците]]“ бил затворен, и затоа таа не била во употреба.
 
Подоцна во 1969 мелодијата на песната е вметната во славниот „[[Концерт за Жолтата Река]]“ од [[Јин Ченгцунг]], кој пак се заснова на композицијата „[[Кантата за Жолтата Река]]“ од [[Сјен Сјингхај]].