Повраќање: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bs:Povraćanje
Промена на „надоле“ во „надолу“. Пишувајте литературно!
Ред 1:
'''Повраќањето''' ([[Латински јазик|лат]]. ''vomitus'') претставува [[експулзија]] на содржината на [[стомак]]от преку [[Усна празнина|устата]]. Најчесто повраќањето е претходено со гадење, потење и зголемена саливација, но може да се случи и сосема ненајавено. Контролирано е од посебен центар во [[Черепен мозок|мозокот]], наречен [[центар за повраќање]] кој може да се надразни на повеќе начини. Најчесто, дразбата стигнува од [[Систем за варење|гастроинтестиналниот тракт]] (уста, [[хранопровод]], [[желудник]] и црева) кога било кој негов дел е премногу потечен, надразнет или иритиран. Нервни импулси, исто така, можат да пристигнат и од балансирачкиот механизам на внатршното [[уво]]. Центарот за повраќање тогаш испраќа импулси до абдоминалниот [[мускул]] задолжен за повраќањето. Мускулите на абдоменот тогаш се стегаат и [[дијафрагма]]та турка надоленадолу. Овие контракции го притискаат абдоменот и го зголемуваат притисокот во него. Тогаш езофагниот [[сфинктер]] (мускулот помеѓу желудникот и езофагусот) се опушта со што дозволува на содржината на желудникот да излезе нагоре.
 
Повраќање проследено со иритација на гастроинтестиналниот тракт може да се јави како последица од неправилна [[исхрана]], труење со [[храна]], желудечна надразнетост предизвикана од хемикали, лекарства, преголемо количество [[алкохол]], гастроинтестинални обструкции, различни инфективни заболувања. Се јавува и во периодот на бременост и тоа почнувајќи од 5-тата или 6-тата, па се до речиси 12-тата недела од бременоста и тоа како последица од варирањето на [[Хормони|хормоналните]] нивоа.