Википедија:Прирачник за стилот: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 68 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q4994848 (translate me)
Ред 31:
== Воведниот дел на статијата ==
{{кратенка|ВП:ВОВЕДЕНДЕЛ}}
'''Воведиот пасус''' или '''воведот''' на една статија претставува најпочетниот текст, сè} до првото подглавие. Воведот служи како запознавање со статијата подолу и како краток, независен заклучок на најважните аспекти на темата на статијата.
 
Воведот треба да стои независен како концизен преглед на статијата, треба да создаде контекст, да ги сумира најважните поенти, да објасни зошто темата е важна или значајна и кратко да ги објасни нејзините поважни контроверзности, ако постојат такви. Тежиштето дадено на материјалот во воведниот дел на груб начин да ја рефлектира својата важност кон темата преку веродостојни, публикувани извори. Иако треба да се земе во предвид дека воведниот дел би требало да го заинтересира читателот за повеќе од статијата, тој не смее да го „задева“ читателот преку навестување, но не и објаснување на важни факти кои ќе се појават понатаму во статијата. Воведот треба да содржи до четири параграфа, треба да е внимателно покриен со извори онаму каде што има потреба од тоа и да биде напишан во чист, достапен стил кој подготвува за читањето на целата статија.