Википедија:Уредувачко војување: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 18:
Освен „тројното правило“, има и построги ограничувања со цел да се избегне уредувачка војна. Такво правило е т.н. „правило на единечно враќање“, кое ги има истите членови и потточки како тројното, со таа разлика што временскиот интервал може да варира од 24 часа до една седмица. Постои и неофицијалното начело „без враќања“ кое забранува какви било враќања и наложува дискусија за надминување на проблемите.
 
== Справување со уредувачките војни ==
=== Што да правитенаправите ако забележите уредувачко војување ===
Подобро е да побарате помош околу некое спорно прашање отколку да започнете уредувачка војна за тоа. Ако избувне некое очигледно несогласување, сите вмешани страни треба да отворат дискусија на страницата за разговор или да побараат помош од одговорните органи отколку да започнат уредничка војна. Други пристапи се предложени подолу.
 
Ако и покрај обидите за смирување на страстите засегнатите страни не престанат со војување, пратете известување на [[Википедија:Огласна табла за администратори|огласната табла за администратори]]. Опомена не е пожелна, но доколку на корисникот не му е познато дека уредувачкото војување е забрането, можете да му испратите порака преку шаблонот „uw3“ на неговата страница за разговор. Избегнувајте да испраќате ваква опомена доколку и вие самите сте вклучени во таа уредувачка војна - тоа може да се протолкува како закана. Можете и самите да составите порака во која ќе повикате за надминување на проблемот.
 
=== Како да не западнете во уредувачко војување ===
Во повеќето случаи, дијалогот е најуспешно средство за доаѓање до заемно прифатливо решение. Но, кога е очигледно дека постојат спротивставени мислења, избегнувајте да се потпирате единствено на оставање коментар во резимето. Наместо тоа, дадете го вашето мислење и вашето предлог-решение на страницата за разговор. Така ќе му ја олесните работата и на администраторот бидејќи ќе може полесно да се снајде при решавање на спорот. Притоа запомнете дека не постојат крајни рокови за решавање на споровите.
 
Ако дискусијата не вроди со обостран заклучок, можеби треба да се потрудите да изнајдете компромисно решение. Ако сметате за потребно, побарајте мислење од трет корисник или од членови на заедницата кои не се вмешани во спорот. Вклучување на трета (неутрална) страна само би помогнало во изградување на консензус по тоа прашање. Ако и тоа не помогне, тогаш разгледајте ги принципите за [[ВП:РС|решавање на спорови]].
 
'''Заклучок''': [[ВП:КЗР|Користете здрав разум]] и не запаѓајте во уредувачко војување. Наместо упорно да враќате промени, разговарајте за проблемот со останатите. Ако враќањето е неизбежно, и друг корисник би го заклучил истото и би ја поништил промената. Со тоа би постигнале [[ВП:КОН|консензус]] за таков чекор. Поубаво би било да побарате [[ВП:ЗАШТИТА|заштита]] на статијата отколку бесполезно да војувате.
 
== Водич за администратори ==