Википедија:Уредувачко војување: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 17:
 
Освен „тројното правило“, има и построги ограничувања со цел да се избегне уредувачка војна. Такво правило е т.н. „правило на единечно враќање“, кое ги има истите членови и потточки како тројното, со таа разлика што временскиот интервал може да варира од 24 часа до една седмица. Постои и неофицијалното начело „без враќања“ кое забранува какви било враќања и наложува дискусија за надминување на проблемите.
 
== Што да правите ако забележите уредувачко војување ==
Подобро е да побарате помош околу некое спорно прашање отколку да започнете уредувачка војна за тоа. Ако избувне некое очигледно несогласување, сите вмешани страни треба да отворат дискусија на страницата за разговор или да побараат помош од одговорните органи отколку да започнат уредничка војна. Други пристапи се предложени подолу.
 
Ако и покрај обидите за смирување на страстите засегнатите страни не престанат со војување, пратете известување на [[Википедија:Огласна табла за администратори|огласната табла за администратори]]. Опомена не е пожелна, но доколку на корисникот не му е познато дека уредувачкото војување е забрането, можете да му испратите порака преку шаблонот „uw3“ на неговата страница за разговор. Избегнувајте да испраќате ваква опомена доколку и вие самите сте вклучени во таа уредувачка војна - тоа може да се протолкува како закана. Можете и самите да составите порака во која ќе повикате за надминување на проблемот.
 
== Водич за администратори ==